Главни документи за македонското ајдутство
Документацијата за појавата, развојот и значењето на ајдуството во Македонија е собирана и комплетирана макотрпно и студиозно од страна на македонската научна мисла од втората половина на XX век.
Особено значајно име за ајдуството во Македонија е Александар Матковски кој ги врши најголемите и сеопфатни истражувања и документирања од оваа тема.

Главни пак извори за ајдутсвото во Македонија му се :


Турските дефтери боогат извор за ајдутството во Македонија
-“Mühimme Defteri”- содржина на записници од Султанскиот диван чии оригинали се во Претседателството на Владата во Истамбул –“Ba#1;bakanlık Ar#1;ivi” а фотокопии од овие оригинали се чуват во Институтот за анционална историја во Скопје;

- сиџилиците на кадилаците – најмногу од битолскиот кадилак – оригинални преписки и со султанската канцеларија – разни молби, жалби и сл. (фермани, берати, бујурулдии, вакафнами, хуџџети и др.) Сите вакви документи на битолските кадии а што се однесуваат на ајдутсвото и арамиството се објавени без вршење на посебен избор, но како што се затекнати.

Со ова Македонија прва и единствена од балканските земји ги објави и стана земја со најголем број објавени документи од оваа тематика. Комплетирани се во пет тома во превод, редакција и коментар од Александар Матковски а во издание на Институот за национална историја - Скопје. Воедно овие пет томови се најголема збирка објавени турски документи за ајдуството во Македонија но и соседните области Во овие пет томови објавени по периоди (почнувајќи од 1620 год. па завршно со 1810 год.) се следниот број документи:

- во I том (1620-1650) објавени се ......120 документи (издаден 1961 год)
- во II том (1650-1700) објавени се.......130 документи (издаден 1961 год)
- во III том (1700-1725) објавени се.......215 документи (издаден 1971 год)
- во IV том (1725-1775) објавени се.......209 документи (издаден 1979 год)
- во V том (1775-1810) објавени се.......220 документи (издаден 1980 год)


Петте тома од Александар Матковски се во издание на Институтот за национална историја

За петте томови Матковски има напишано повеќе рецензии во земјата и во странство од кои најглавни се:

- “Etudes balkniques”, I, Vera Muftachieva, Sofija 1964, 170-172;
- “Sbornik Praci filosoficke fakulty Brnenske University”.Rochnik XV, rada historicka (c), ch.13, Josef Kabrda, Brno 1966, 176-182;
- “Studii revista de istoria”, No 5, Sava Jankovici, Bucuresti 1963, 1199-1200;
- “Revue des etudes sud-est europeennes”, No 3-4, Sava Jankovici, Bucuresti 1964, 651-652;
- “Jugoslovenski istoriski chasopis”,br.3-4, Hasan Kaleshi, Beograd 1975, 170-188;
- “Историја“, год.VIII, бр.2, Скопје, 1972, 289-301, Скопје;
- Sm.”Slovansky prehled”, 4, Praha 1980, 327.

Иако најголем дел се се однесдуваат на битолскиот кадилак има многу и за другите: Костур, Струмица, Хрупиште, Демир Хисар, Кратово, Солун, Сер, Лерин, Воден, Прилеп, Велес, Сара-Гол, Дебар, Река, Струга, Тиквеш, Серфиџе, Преспа и др.

Помалку документи има за ајдуството надвор од географска Македонија како за Скадар, Корча, Тирана, Софија, Трикала, Јанина, Пелопонез, Одрин, Ниш, Темишвар, Нови Пазар и др. така со овие документи може да се користат и научниците од соеседните земји.

Покрај томовите на А. Матковски и Панта Џамбазовски објави пет томови посветени на ајдутсвото темелени на 58 документи исто така во издание на Институот за национална историја – Скопје.Различно кај Панта Џамбазовски е само тоа што изборот не е вршен според некоја историска тематика, но се преведувани и објавувани сите документи без разлика на тематиката, а кои Џамбазовски ги сметал за многу важни во однос историјата на македонскиот народ. Овие пет томови на Панта Џамбазовски се:

- “Турски документи за македонската историја“, I (1800-1803), Скопје 1951 год.;
- “Турски документи за македонската историја“,II (1803-1808), Скопје 1953 год.;
- “Турски документи за македонската историја“,III (1809-1817), Скопје 1955 год.;
- “Турски документи за македонската историја“,IV (1818-1827),Скопје 1957 год.;
- “Турски документи за македонската историја“,V (1827-1839), Скопје 1958 год.;

По неколку документи за ајдутсвото можат да се најдат и во турските документи објавени од Душанка Шопова-Бојаниќ во трудот “Македонија во XVI и XVII век”, Скопје, 1955 како и во четирите томови од Архивот на Мкаедонија со наслов “Турски документи за историјата на македонскиот народ “ (објавувани од 1963 до 1972 год.).