Кокино, затемнување
Од самото сознание дека на Кокино многу внимателно се набљудувало движењето на Месечината во долги временски периоди се наметна прашањето дали на древните набљудувачи на небото им биле познати циклусите на затемнување на Сонцето и Месечината.
Искуството во анализата на дизајнирањето на просторот на опсерваторијата покажува дека за секој посебен вид на активности имало изработено посебно место за набљудување и изработени посебни камени маркери на источниот хоризонт кои се гледаат само од тоа место. Истиот принцип важи и за следењето на затемнувањето на Сонцето и Месечината. 

Археоастрономската анализа на локалитетот покажа дека за набљудување на затемнувањата на Месечината има изработено посебно место за набљудување во стоечка позиција. Древните набљудувачи од ова место внимателно го следеле изгревањето и движењето на полната Месечина. Нашата анализа покажа дека само од ова место на источниот хоризонт се гледаат 4 лесно воочливи камени маркери. Мерењата на координатите на маркерите и пресметките на координатите на изгревање на Полната Месечина покажаа дека со овие четири камени маркери биле обележани местата на изгревање на Полната Месечина на секои 54 години и 34 дена. (табела 1). Од општата астрономија знаеме дека познатиот Сарос циклус на затемнувања има должина од 18 години 11 дена и 8 часа. 

Исто така знаеме дека истиот редослед на затемнувања  во ист географски простор ќе се повторат во исто време на секои 54 години и 34 дена или после три серии на Сарос. Тоа покажува дека на древните набљудувачи на небото од Кокино добро им биле познати затемнувањата на Месечината и дека тие биле следени над 220 години. Од овој податок може да се заклучи дека овие информации за редоследот на затемнувањата на некој начин биле запишувани со некаков вид на писмо или симболи, но дали ќе се најдат ваков вид на записи ќе треба да покажат археолошките ископувања на локалитетот. 

датум

тип на затемнување

Сарос
серија

Месечина

маркери

A

h

A

h

24.01.1917
пр.н.е.

целосно

3

70° 37'

11° 18'

70° 43'

10° 42'

25.02.1863
пр.н.е

целосно

3

78° 00'

10° 12'

78° 01'

09° 50'

30.03.1809
пр.н.е

целосно

3

88° 28'

04° 30'

88° 30'

03° 54'

01.05.1755
пр.н.е

целосно

3

104° 54'

02° 40'

104° 53'

02° 24'


www.kokino.org.mk