Даскал Камче поп Ангелов (1790 – 1855 год.)
Роден е во с. Курешница. Гевгелијско. Започнал сам да се учи но се школувал и во Србија каде завршил учителско школо. Подоцна е и на Св. Гора, каде добил поголемо образование, затоа за него народот вели дека тој бил “учен даскал”.

Даскал Камче, ја носи една од првите печатници во Македонија во 1830 година
1830 год. Даскал Камче од Белград купил печатница и ја носи во Ваташа каде ја поставува во близина на црквата и почнува да печати учителски и црковни книги. И покрај неговото настојување да го сочува своето дело во тајна, грчкиот владика разбрал во што се состои работата и го изгонил Камче од селото.

Печатницата на Даскал Камче е втора македонска печатница по печатницата на Теодосија Синаитски.
Некои бугарски пропагандисти настојуваат да ги извртат фактите па уфрлаат тези дека Даскал Камче ги учел децата на “бугарски јазик“ но всушност се фаќаат самите во фалсификатите зашто во 1830 год. додека Даскал Камче печател на македонски јазик ниту во самата Бугарија немало печатница а од учењето бугарски таму немало ниту помен.

Уште повеќе доказ повеќе дека печатницата на Даскал Камче е спротивно туѓинските интереси е што Бугарите за време на окупацијата во I Светска војна во Ваташа ги побарале и нашле останатите печатени книги и делови од печатницата на Даскал Камче како и вреќите со букви грижливо криени и ги однеле во Бугарија. Селаните ги криеле во спомен на “старата наука“ која пак од некои причини не им одговарала на Бугарите.