Во античкиот период

 Во антиката на пропагандата  особено се внимавало  Платон дал спектар  совети за тоа што и како да му се пропагира на населението.


Се насочувал за диференцирање на пропагандниот настап кај младината и постарите граѓани, што е едно од правилата и на современата воена пропаганда.

Кај Хелените,  кај Македонците но и  кај Римјаните,  постоеле прочуени реторски школи. Говорниците кај храмовите и кај Собранијата им биле на посебно доминантни и акустични места, заради поголемиот визуелно-говорнички ефект на насобраните. Ова особено оти во она време често се воделе  војни , народот морал да се држи и поттикнува на пожртвуваност за – татковината.
Пропагандното  говорништво било од особено значење за државата. Првите луѓе – кралевите се обучувале од највештите, за да и самите можат во текот на борбите со пламени и психолошко-мотивирачки говори да ја одржуваат војската. А од филозофите се мудрите политички потези да спречат сојузништва, да смлакнат незадоволства и да добијат територии и градови без борба.

Пропаганда кај Хелените

Самата “Историја” од Херодот е едно пропагандно четиво. Херодот на непријателите  им припишува  окрутност, варварство и тиранија. Овие три нешта и Демостен подоцна на Филип и Македонците, ќе им ги припишува. Но Херодот за Хелените пак вели дека биле ..”слободни луѓе, сами си се  свои господари, додека ропски послушната Персиска војска, треба со бич да ја тераш во борба“.

За  нив  подоцнa,  Демостен пак сл. ќе  говори, за”слободните Хелени”, а за новите освојувачи на Елада, Македонците, дека се ,..”варвари од земја од каде не може ни пристоен роб да се купи”. Дека се само – “кутри Македонци” (“Филипики”). Токму тој со својата голема ораторска вештина ќе успее да ги обедини Хелените од разните полиси, сите заедно во војна против Филип Варваринот и неговите Македонци. Секако денес на Грците, тоа воопшто не им смета, токму Македонците да ги сметаат за – Хелени (свои потомци?!), но сега од нови и поинакви пропагандни потреби.
Од Херодот пак скоро 2000 години Хелените, се надахнувале со изреката која тој му ја припишува на еден борец од Леонида, а од кај  Термопилски теснец. Имено на веста дека Персијанците со стрелите ке го засенат сонцето (хипертрофирање на бројноста од Персијанците, заради – застрашување, што е очигледна Персиска пропаганда), борецов радосно одговорил дека за слободата ке се бори значи во ладовина, а не по сонце.
Херодот наведува и др. примери  пропаганди како она со  Темистокле и   местото каде Јонците морале да навраќаат (извори на вода за пиење), во стените изгравирал натпис со порака:

“Луѓе на Јонија, грешите што се борите против вашите татковци и помагате да се подјарми Елада. Заради тоа подобро е да прејдете на нашата страна или ако тоа не ви е можно, повлечете ги вашите сили од борба и така принудете ги и Карнанците исто така да се повлечат. Ако ниту едното ниту др. не ви е можно и ако сте врзани со премногу  силна неопходност, тогаш во судирот во кој сме вплеткани, однесувајте се намерно лошо, не заборавајќи дека вие потекнувате од нас и дека непријателството на варварите кон нас, потекнува од вас.” (Paul M.A.Lineberger, Psychological Warfare, Washington, 1948, str. 14  i 15).
Според Б.Расел и самиот Херодот бил наемен (платен) пропагандист на  државата Атина.

Пропагандата кај Македонците

Вo користењето на пропагандата, најдалеку отишол Александар III Maкeдонски. Неговите говори одржувале надчовечки напори на фалангите, носени до краиштата на светот.
Прифаќањето локални обичаи, облекување во нивни носии, поклонување и пренесување жртви на нивни божества кај Персијанците, Египќаните, Индијците, Евреите и др., му обезбедувале на Алексанадар симпатии или барем неутрализирање на вољата за отпор. Иако овие работи Македонците тешко ги сфаќале (прифаќале) но токму тие биле за нивна корист зашто граделе мир во огромните подрачја.

Оставањето самоуправи, намалени даноци  и сл. поволности на градовите кои  се предавале без борба, а од друга страна до темел уништување на градовите кои ќе му дадат отпор,  му дале на Александар мн. градови на тацна – без борба. Пропагандата за ова ширела на секаде, а гласините  си го правеле своето.  Гласините за неговата непобедливост, за неговата суровост кон непокорните, неговата добродетелност кон покорните, неговата широкоградост кон мирните и трудељубивите. За неговите големи дела водел и писари и историчари и навистина делата останале големи и до денес:

- Расплетот на НАЈзаплетканиот Гордиев јазол, НАЈвисокиот светилник, НАЈголемат свадба, НАЈголемиот и НАЈучен град  во Средоземјето со НАЈголемата библиотека од неговото време и со неговото име, ги шират пропагандите за него и до денес, а сигурно уште долго и после нас. Додека е светот и луѓето ќе биде и Александар, тој си обезбедил своја и најсилна пропаганда. За нас неговите потомци – Македонците пак ја обезбедил бесмртноста на нашето име, зашто тоа беше негов постојан придужник и во делатa и во името – Александар Македонски. Зашто многу се силниците, цареви, кралеви, цезари, ханови но на многу ни имињата веке не им се знаат а камо ли делата.