Олимп (Olympos) положба и карактеристики, опис
Олимп е висок планински масив денес во Грција иако историски никогаш не припаѓа на етно-културниот грчки (хеленски) простор но напротив на македонскиот.
Со својот правец на простирање Олимп го отежнува приодот помеѓу (Егејска) Македонија и Тесалија и го канализира на тесен приморски појас.

Олимп е издвоен масив, окружен со тесни речни долини од р.Пиниос (Pineios) на југ,Мавронерија (Mauroneri) на север и Аликамон (Alikamon) на запад, а на исток неговите ограноци допираат до самиот брег на Егејско море. На југоисток со планината Оса (Ossa, 1978 m.) прават собран теснец Темби (Tempi) по кој водат главните комуникации од Тесалија кон Солун (Thessaloniki).


Масивот Олимп

Врвот Сколион (2916 m.) е највисокиот врв на Олимп а воедно и во Грција денес а по врвот Мусала (2925 m.) во Бугарија и на Балканскиот полуостров. Олимп му припаѓа на Родопскиот планински систем. Тесната долина на р. Зилијана (Ziliana) го дели на Висок Олимп (Ano Olympos) на север и Долен Олимп (Kato Olympos, 1587 m.) на југ.

Висок Олимп е испресечен со стенасти и стрмно падини, особено источните, со повеќе клисурести долини. Источните падини до 600 m. висина се обраснати со макиа. Од 600 m. до 2 000 m. со листопадна шума, а над 2 000 m. со пасишта; западните падини во ниските делови имаат листопадна и четинарска шума, а во повисоките со оскудни пасишта.

Долен Олимп е стеновит, претежно во облок на платоа од стрмни падини покриени со пасишта; делумно е пошумен.

Олимп е тешко прооден, па постојат многу пешачки патеки. Автомобилските патишта се главно обиколни а на југ и исток и железничката пруга на правецот Солун-Атина.