ОГАНОТ митски симбол кај Македонците
Во македонското античко општествено живеење, важна улога играат митските системски симболи на тогашните верувања. Од тој митски систем на верувања е поврзувано и целокупното постоење, егзистирање и начин на однесување.
Симболот – оган е секогаш во врвот, кого пак Прометеј крадејќи го од боговите им го дарува на луѓето за  што е и окован и колван од орли т.е казнет, што само ја доловува вистинската вредност на огнот. Со огнот и луѓето добиваат дел од божествената моќ, што и навистина е во некоја рака,токму така, зашто огнот го одвојува и се повеќе оддалечува човекот од останатите суштества, водејќи го во цивилизациски напредок од најпримитивно време до денешното технолошки најсовремено, кое граби уште понови достигања без крај.


Прометеј, митскиот огно-дарител и „творец“ на луѓето

Кога пак митот ќе почне да се доведува во прашање, сите митолошки набои можат да се преработуваат или дури и напуштаат. Хераклит тежнее да на апстрактен начин го обработи поимот на огнот – тоа не е само учење на митскиот антички контекст за огнот. Пиндар пак се користи со митскиот набој на огнот за поинаку да го замисли, локализирајќи го неговото надворешно појавување на подножјето од вулканот со кој управува џин неосетлив на поезија која можеби ја изрикува; а и самата поезија е согледана во митска светлина, како успиено маѓесништво потекнато од Аполон.

Но дури и Пиндар впрочем (како воопшто и кај античката митологија) со ова пак огнот го враќа кај Аполон - бог на сонцето. Со ова огнот се враќа и кон сонцето кое и самото е непрестан оган. А сонцето е главниот симбол на Македонците, па го комбинираат со силата на огнот. Не случајно се и бајките од подоцнежните векови за врската меѓу овие два симболи. Во семиотичка рамка бајките кои и го спомнуваат сликовниот набој на огнот, просто даваат контекст за приказни на атмосфера со чудесното. Бајките за “Жар-птицата“ всушност е прераскажан антички мит, но и постојаноста на врската меѓу земјата и небото, меѓу огнот и сонцето