Македонци масовно одбиваат да и служат на Бугарија
1916/1917 год., српската и бугарската војска на Македонскиот фронт целата зима ја минува во позициона војна по рововите. Ова предизвикува заразни болести кои се шират со последици од голем број болни и мртви војници.
1917 год., притиснати од губењето војници, Бугарите (но и Србите) решението го гледаат во нова мобилизација но и прегрупирање на силите. Свежа сила гледаат во македонскиот народ регрутирајќи ги неговите младинци.


Зимата, 1916/1917 година страните во судирот се во рововска војна
Но Македонците не сакаат да им служат на туѓите бугарски и српски интереси.Тие најдобро ги разоткриваат српско-бугарските интереси со масовното одбивање на регрутациите но и со дезертирање на веќе мобилизираните. Заради ова се отворени и логори за бегалци во “Калуѓерица “- Радовиш, во Кавадарци и на др. места.

Бугарите во очај, одат со терор кон селата кои ги кријат своите младинци (с. Долгаец - Прилепски колеж на 18 младинци како и по Кичевските села и.т.н) па македонскиот народ оди со друга стратегија. За да го избегнат повторното испраќање на фронтот каде по правило се во првите редови, тие масовно се приклучуваат кон француските војски каде служат како работна сила. Покрај ова се кријат и длабоко по планините.

Бугарите се во паника, на нивната пропаганда за “самоослободување на Б`лгарите од прво качество - Македонците“ никој во Македонија и надвор не верува. Светот кому Бугарија му “докажуваше“ дека тоа е нејзин народ кој едвај ја чека “мајка Б`лгарија“ и е спремен се најсвето да даде за неа, пак се увери дека нема ништо од таа магла (што е и бугарски мотив за војната!)

На сите фронтови младинците Македонци ги напуштаат бугарските војски за да потоа дел преминуваат во сојузничките пред се – француски војски. Забележан е податокот дека само од 2-та бугарска армија од март до август 1918 год. дезертираат 2.132 војници – Македонци (Христо Христов “Исторически преглед“, бр.1, Софија, 1950, стр. 43-46)


Македонските  регрути во бугарската војска ја напуштаат истата и попрво ја избираат француската
Бесни Бугарите сега го откриваат вистинското си лице па не само македонските села но својот гнев го истураат и врз македонските градови особено оние кои највеќе му докажуваат на бугаризмот дека нема што да бара во Македонија но и оние кои според нивните математики тешко дека ќе ги задржат. Особено страда градот Битола.


(Извори – ДА, СИП, ПО (1917) ф. 1, телеграми од Битола преку Солун до Крф, Д-р Петар Стојанов “Македонија во времето.. “, стр. 314-315; “Дојран 1915-1918 (Воени операции)”, М-р Александар Стојчев, стр. 75-76)