Бугарите творци и водачи на Коминтерната
Денес, бугарската пропаганда милува да каже дека македонскиот народ е “коминтерновска творба” (Сталин и Тито најчести творци?!), но за нивна жал пак фактите им се удираат од глава.
Имено, толку многу Бугари се инволвирани во создавањето и раководењето на Коминтерната (кога Сталин и Тито не биле фактори), што мал е било кој простор да се испишат (овде ќе следат дел од најзначајните).

Со ова, тие пак си одат против своите искривоколчени тези. Имено, се поставува прашањето – како може Македонците да се коминтерновска творба кога неа токму Бугари ја творат и раководат?


Знакот на Коминтерната

Уште пожалосно за нив, ова значи дека токму Бугари по род уште одамна ја признале посебноста на македонскиот народ. Ако ги прашате за ова тие се посипуваат со пепел и не ги признаваат – тие биле комунисти сходно тоа и ниту знаат што зборуваат ниту пак е важно тоа што рекле!?

Но, Бугарите не би биле Бугари ако она што еднаш им важи другпат не мора, па оние подоцнежни бугарски комунистички првенци кои не ја признаваат посебноста на македонскиот народ, си ги воздигаат до небеса, дури ви даваат “валидни аргументи” токму од нив сеедно што и тие биле комунисти ?! (но Бугари се во прашање па ова и не е за чудење, може само учените по светот да ги чуди до каде оди ваквата бугарска глуповка).

Но навистина да видиме нешто за Бугарите и Коминтерната

Еве само дел од позначајните Бугари и Коментерната:

- Васил Коларов (1881- 1950)
- Караиванов Иван Шпинер (1889-1960)
- Иванов Антон (Козинаров Антон Богданов, 1884-1942)
- Дамјанов Георги (Белов) (1892-1958 год.)
- Атанасов Штерју (1902 - ?)
- Димитров Георги Михаилович (1882-1949)