Караиванов Иван Шпинер (1889-1960)
Револуционер, политичар кој почнува ккао работник вклучен во работничките движења на Бугарија каде живе. Член на БКП од 1918 год. и учесник во септемвриското востание во 1923 год во Пиринска Македонија против фашистичката диктатура.
Во востанието е член на револуционерниот комитет.

Близок соработник е на Георги Димитров а по задушувањето на востанието најпрвин оди во Виена, а потоа во 1926 год. во СССР каде станува функционер на Коминтерната.

Како функционер на Коминтерната е испратен во Кина каде престојува извесн период после кој од 1934 до 1944 год. работи во Извршниот комитет на Коминтерната.


Караиванов уште како функционер на Коминтерната активно учествува во подготовките на нејзините конгреси

1944 год. се враќа во Бугарија но поради несогласување со тамошните функционери од БКП се задржува смао неполна година.

1945 год, мај ја напушта Бугарија и доаѓа во тогашна Југославија каде се населува постојано и живее се до својата смрт. Во меѓувреме извршува различни функции - член на ЦК КПЈ, сојузен народен пратеник, уредник на весникот “Глас на Б`лгарите “ и.т.н. Умира во 1960 год.