Пропагандата кај првобитните и примитивните луѓе

Од најпримитивните  времиња пропагандата е присутна, а примитивна e и пропагандната техниката.


Првобитните племиња, кога се во непосредна опасност при подготовките за борба како и во текот на борбата, долго изведувале ритуални танци, (слично како и  кај Индијанците – воини подоцна, но и кај др.). Овие појави со појавите на бојадисување тела (тетовирање), китење со животински канџи, кожи, перје и сл., потоа  викање  при напад, -  сите тие имаат за цел - ВЛИЈАНИЕ на однесувањето на луѓето. На непријателот да му се втера – страв и паника, а на своите луѓе – храброст и решителност за победа, но и ослободување  на сопствениот страв. Современи варијации на ова денес се стадионите со накитени и бојадисани навивачи кои хорски  едновремено извикуваат или стануваат и сл. движења –  целта е пак истата – противникот да се исплаши, своите да се охрабрат.