Васил Коларов (1881- 1950)
Роден е во Шумен, град кој во време на комунизмот ќе го носи неговото име – Коларовград. Завршил Правен факултет па како адвокат првично е најангажираниот од Коминтерната во процеси против комунисти каде е нивен брилијантен бранител.

Васил Коларов, водач на Коминтерната и Премиер на Бугарија од
11.12.1947 - 02.07.1949
20.07.1949 - 06.08.1949 
Всушност уште од почетокот на новиот-XX век и пред 1900 год., како 18 годишник веднаш се вклучува во комунистичките движења и се до својата смрт е можеби на најбројни функции во комунистичкото движење и Коминтерната.

Тој е и долгогодишен комунистички пратеник во бугарскиот парламент уште во првите децении на XX век. Но што се беше во Коминтерната Коларов:

• повеќегодишен член на ИК на комунистичката Интернационала (Коминтерната)
• повеќегодишен прв човек – Генерален секретар на Коминтерната,
• еден од главните креатори и нејзини најзначајни фигури воопшто.
• Истовремено е и член на ЦК КПБ
• член на ИО на Балканското комунистичко движење.

По војната ќе биде на бројни функции во НР Бугарија од министерски до Премиер-Претседател на бугарската влада.