Вано Гунев (1918 – 1943 год.)
Роден е на 03.XI.1919 год. во Кавадарци. Припадник на градската бунтовна младина која уште веднаш по бугарската окупација доаѓа во судир со новата окупаторска власт.
Активен е во подготовките за исфрлање на партизанскиот одред во Тиквешијата, собирајќи оружје, материјали и помош.

Со излегувањето на одредот Добри Даскалов Вано Гунев не случајно е еден од првите негови борци и како таков учествува во сите битки и акции до неговата смрт. При една од тие нив кога одредот врши успешен пробив на бугарскиот обрач кај с. Бојанчиште при повлекувањето, Гунев е ранет и останувајќи без муниција е фатен од Бугарите. По патот од Бојанчиште до Дреновските клисури на најѕверски начини е измачуван од Бугарите како нивен воен трофеј со цел и да извлечат и други признанија за Одредот и неговите базни илегални погачки мрежи.Кога не успеваат во тоа подоцна го ликвидираат со другите фатени илегалци како пример за востанатата Тиквешија.