Херман Вендел за српско-бугарските уфрлања
Германецот Херман Вендел, за збиднувањата 1906-та и 1907-ата год., во Македонија, во својата позната книга „Историја на јужните Словени” во делот „Македонија и војната” за Даме Груев ќе го напише:
„Дамјан Груев согледа дека борбата не смее да се внесува од надвор, туку треба да биде од внатре ... Во служба на таа мисла тој бестрашен човек, кој не познаваше умор, направил од Солун вистинско превратничко гнездо ...” 


Даме Груев со војводите на првата линија од борбата на македонскиот народ

За засилената странска вооружена пропаганда во Македонија по загинувањето на Гоце Делчев 1903 и Дамјан Груев1906 год., Херман Вендел ги бележи и следните историски факти: 

„Од 1906 до 1907 год. секако како плод на активноста на Груев, во времето кога смртоносното олово на турскиот аскер го погоди и Дамета, кој остана во Македонија и по Илинденските денови во 1903 год., турската воена управа во Македонија забележала 57 борбени судири на македонските комити со бугарски врховисти, 11 судири со српски четници, испраќани од Србија и Бугарија соединети со македонски предавници кои им се приклучиле како заведени или од материјален интерес”.