Донации и милостини од Руските цареви

Гаврил од царот Теодор за спас на  ман.Св. Параскева добива 60 000 аспри, за откуп на заложените садови и одежди кај Турците.


Рускиот цар е ктитор на македонските манастирите и покровител на православните народи..
1586 год., пратеници на “Зографскиот манастир”, дошле до Русија  (гр. Путивл), но од чумата, не продолжиле, а добиле  130 рубли помош. Од овој ман., игуменот Амфилокиј во 1624 год. добил  помош за откуп на заложените кај Евреи, сребрени и др. вредности од Манастирот.
Игумен Гервасиј од Ман. Св.Јоаким Осоговски, оди  за милостина кај Рускиот двор.
1603 год.- октомври, ѓакон на Струмичкиот ман. Св.Никола е кај  Рускиот цар Борис Годунов и добил милостина.
1629 год. архимандритот Симеон од ман.Кушица (Драмско),е  во Москва за помош.
1630 год. архимандритот Галактион од Солунскиот ман. Св.Атанасиј,оди на Рускиот двор.
1630 год. архимандритот Арсениј од Веријскиот Ман. Св.Јован Претеча.
1644 год. архимандритот Игнатиј, од Солунскиот ман.Св.Димитрија
1644 год. архимандритот Герман од Кременскиот манастир во Костурско.
1645 год. пратеник на Гребенскиот ман. Св.Богородица
1645 год. пратеник на Костурскиот ман.Св.Никола.
1652 год. Лесновскиот ман., добил 50 рубљи и Богослужбени книги, а во 1664 год.  добил и грамота со право монасите на секои 6  години да ја посетуваат Москва за милостина. Грамота добил и ман. Св.Троица во 1690 год.
1624 год. Рускиот цар помага  различни ман. од Охридската Архиепископија но и др. На Атон му дале 551 златник а имало  милостињи и за Светогорските манастири.

 (Литература  - Журнал Мин.нар.просвешт.,Москва 1872, окт.,2, 163 ;  Inaleh,H.: Hicri 835 – tarihili suret-I defteri sancate i Arvanid, Ankara 1954, c. XV. , Лебедев, А.П. Историја православнои церкви подвластију турсок, Изд. 2, С.Петрсбург 1904.)