Неканонска обнова на српската црква
Кога еднаш темелот е иноверен и неканонски така продолжува. Пеќката патријаршија иако пак долго под јурисдикција на Охридската (повеќе од 112 години), повторно се возобнува на истиот начин – ИНОВЕРЕН (со акт од туѓоверен орган) и пак со – ПОЛИТИЧКИ ВРСКИ.


Макарие Соколовиќ од брата си Мехмед Паша Соколовиќ издејствува ираде за одцепувањена српската црква од македонската во 1557 година

Ако при првото формирање беше искористена никејската принцеза на српскиот двор, сега под Турците, српскиот епископ Макарие го користи својот потурчен брат Везирот Мехмед Паша Соколовиќ кој издејствува од султанот посебно – ИРАДЕ за возобнова на Пеќката патријаршија.

Со ова ако првиот пат беше само политиката во прашање но барем се работеше за православна црква (Никејската) сега се отишло подлабоко во антихристовата вистинитост на српската црква зашто истата се основа со исламски акт, што е антиканонски и недозволив чин.

И пак историјата во се се повторува, Србите веднаш сакаат највисок ранг- Патријаршија (!) но и со отцепувањето од Охридската патријаршија веќе започнуваат борба за се понови и поголеми нејзини епархиии во своја надлежност (впрочем како и грчката, а многу подоцна и бугарската).


Мехмед Паша Соколовиќ како голем везир го овозможува расколот на Србите од јуриздикцијата на Охрид

Но за жал од сите српската, бугарската, грчката црква истите за разлика од македонската црква се целосно нецрковни и нехристијански заради и што уште кога целата црква е едно тело во далечната 859 година тогашниот папа Никола I (858-867) ќе изјави:

“Римската курија за вистински цркви ги смета оние кои се основани од Апостоли, што значи Македонската, Римската, Антиохиската и Александриската“.

Допрецизирајќи го ставот на Рим за ова, овој папа понатака истакнува:

“И покрај тоа што цариградските и ерусалимските највискои црковни големодостојници себе си се нарекуваат патријарси, тие сепак немаат такво значење како првите, бидејќи нивните цркви не се уредени од Апостоли“.