Медиумско влијание
Не значи дека сите новинари пишуваат вистини или пак невистини, но ЗНАЧИ дека е препорачливо човек да е сомничав ако сака да си ја спаси меморијата и од ПОЛУВИСТИНИ.
Новинарите, ЗНААТ, дека читателот нема време да размислува за тоа што ќе прочита, а пак што како крајно му останува. Токму тука е МОЌТА на медиумот.

Таа е моќ со можност работите да ви ги претстави поинакви одошто се и без да забележете да ве доведе во ЗАБЛУДА. А тешко на оној против кого е насочена дезинформацијата.

Површноста кај информирањето преку печатот е условена со брзината на читањето (прелистувањето). Дали е со првото кафе на работа, во автобус или по враќањето дома - сеедно штом читањето е без суштинска концентрација.

ТВ и радиото се уште понемилосрдни, просто ги мелат сопствените информации и ги селектираат по потреба. Тоа што пред извесно време било приоритена информација со отворена склоност кон неа, сега може да им е се спротивно.

Затоа, НАИВНО е верувањето дека медиумите се само за да информираат или го изразат јавното милсење. НАПРОТИВ, медиумите се повеќе се за обликување на јавното мислење и негово насочување во саканиот правец, за да го занемарат кога мислењето не соодвествува со ставовите на субјектите чии интереси ги застапува. Просто, медиумите денес се четвртата власт во секоја демократија.

Само со професионални новинари како контролори обврзани со строги морални начела и само кога се тие беспрекорни, системот може да функционира.

Демократијата не може да живее без контрола на моќта. Најефикасна контрола е јавноста. Единствен инструмент за тоа е слободното новинарство. Тоа мора да е независно и да го објавува и тоа што моќните не сакаат да го видат. Новинарите се професионални контролори, обврзани со строги правила и морални начела и мора да се апсолутно веродостојни. Само кога контролорите на системот се беспрекорни, системот може да функционира.