Македонците во востанијата на Балканот
Почетокот на XIX век за поробените балкански народи е и почеток на националните борби за ослободување од вековното ропство на Турците.
1804 год. е првото српско востанание кое е предвесник а по него 1821 год. е грчкото востание, и во двете македонскиот народ дал свој удел.

Во Првото српско востание на бојното поле се истакнале браќата Жикиќ, едниот Волче, е и градител на делиградските утврдувања. На дипломатското поле, во заштита на резултатите од востанието, се истакнал Петар Чардаклија, па Петар Ичко (роден 1758 година во Катраница, Егејска Македонија), кој го склучил со турската влада познатиот “Ичков мир” во 1806 год. и др.

И во Македонија по востанието во Србија, дошло до раздвижување. За да се сочува од непредвидените настани турската влада концентрира голем број војски во неа, а спровела и акција на разоружување во Скопско.


Лерин

Учеството на македонскиот народ во грчкото востание од 1821 год. е непосредно. Веднаш, во јужна Македонија, особено во Воденско, под раководството на браќата Рамаданови, на Димче Минов и Динчо Држиловиќ, Демир Трајко и др.- се создадени чети, кои се приклучиле на востанието. Македонците, го кренале оружјето за свое ослободување.

3 март 1822 год. во Негуш и околијата се подига востание во Македонија. На чело на востанието се Л. Зафиракис, Анастас Каратошо-Стариот, ајдутски војвода, Ангел Гацо, Дијамандис и др. Востаниците го нападнале турскиот гарнизон во градот, го ликвидирале и го зазеле и целиот град. Востанието се проширило на Негушката и на соседните околии.

Бројот на востаноците брзо се зголемил. Зајакнатите востаници презеле напад и врз градот Бер но не го завземаат. Успесите што ги постигнале во борбата со турската војска го подигнале борбеното расположение. Голем број Македонци од селата Држилово, Лозице, Добре, Катраница, Граматиково и др. се придружиле на востаниците.


Костур

Востанието зело масовен карактер. Се прошитило и на: Воден, Костур, се до утоката на реката Бистрица. Бројот на востаниците достигнал до 2000 души, веќе и Солун е во опасност да биде нападнат.

На удар на востаниците се турските чифлици- околу 134 од нив но и помали села се запалени. Турската власт е принудена да преземе сериозни мерки Во реонот на востанието доаѓа бројна војска со тешко оружје.

20 април 1822 год., датум до кога трае судирот меѓу војската и востаниците и кога Негуш е завземен а востанието задушено. Последиците се тешки за востанатиот народ со жесток прогон и пљачкосувања. Спас од теророт голем дел од населението наоѓа во раселувањето по другите делови на Македонија.

Но Македонците учествуваа во разните револуционерни востанички акции во првата половина од XIX век во Османлиската држава и надвор од неа. Забележано е дури и учеството на некои Македонци во Војводина, во настаните од 1848 год., и во одредот на Гарибалди во истата година.