Краткиот Како станав... со награда во Бразил
НА ВИДЕО АРТ ФЕСТИВАЛ


На видео арт фестивалот "One minute Festival", кој се одржува во Бразил, Кристина Божурска освои прво место во категоријата "nano minute", за видео од десет секунди, со краткото филмче "How I become the...". Фестивалот постои од 1991 година, а од 2007 година станува интернационален и достапен за сите откако овозможи електронско аплицирање. На фестивалот ги има и категориите: анимација и слободна тема.

Инаку, Кристина Божурска, годинава, како студент на генерацијата, дипломира сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на Антони Мазневски, а има учествувано на повеќе групни изложби и проекти во земјата и странство. Живее и работи во Куманово. Нејзиниот "How I become the..." беше презентиран и на изложбата "Кумановски ликовни уметници 2008".