За грчката скржавост и македонската великодушност

Послание до Коринтјаните – второ


1. “во врска *со помагањето на светиите, сметам дека не треба да ви пишувам, *2 Кор. 8, 4.

2. зашто ја знам *вашата добра воља, за која се фалам со вас пред МАКЕДОНЦИТЕ дека Ахаја приготвила помош уште од лани; и вашата ревност подбуди мнозина,* 2 Кор. 8, 19.

3. А браќата ги испратив, та не би нашата пофалба за вас да излезе во овој случај напразна, туку како што зборував, бидете подготвени.

4. Па, ако дојдат со мене МАКЕДОНЦИ и ВЕ НАЈДАТ НЕПРИГОТВЕНИ, да не би да се останеме посрамени ние (ЗА ДА НЕ ВЕЛИМЕ ВИЕ), откако ве пофаливме со таква увереност.

5. Затоа сметав за потребно браќата да ги замолам да дојдат лично при вас и да се погрижат порано, така што најавената ваша милостиња да се покаже како плод на благослов а не на лакомство.

6. * Ова пак ви го велам: Кој скржаво сее, скржаво ќе ожнее; а кој богато ќе сее, и богато ќе ожнее.
* Прик. 11, 24; 19, 17.“ 


Околу 140г. п.н.е. Грција како Римска провинција е преименувана во Ахаја

Факти кои се наметнуваат:

1. Ап. Павле е во оскудица при престојот во Грција (Ахаја). Не сакајќи да се наметнува, со пофалби, бара нужна помош од нив за мисијата.

2. За да ги иницира повеќе (заради очигледната шкротост) оди обиколно - преку тоа дека пред Македонците кои дошле, кажал оти Ахајците спремиле помош уште од лани.

3. Ги предупредува сега Ахајците (Грците) дека неговата пофалба не би требало да остане напразна, туку да подготват нешто, зашто ако пак дојдат Македонци и ги најдат неприготвени Ахајците:

“…за да не се посрамотиме НИЕ (ЗА ДА НЕ ВЕЛАМ ВИЕ), откако ве пофаливме со таква увереност”

4. Ап. Павле сака и најавената (а сеуште неисполнета) милостиња од Ахајците да е плод на благослов а не на лакомство критикувајќи ја патем скржавоста.

5. Но очигледно се било попусто зашто пак Македоците ќе дојдат и ќе и донесат неопходна помош на мисијата што се гледа веќе во полуразочарувачкиот заклучок од Ап. Павле нешто подоцна кога вели :

(Послание до Коринтјаните – второ)

8. “Други цркви обрав, добивајќи од нив издршка, та вам да ви служам, и додека бев при вас, иако бев во оскудица, никому не дотегнав,

9. Оти немаштијата моја ја употполнија *браќата што дојдоа од МАКЕДОНИЈА, па и во се друго се пазав и ќе се пазам да не ви бидам товар.
* Фил. 4, 10, 15