Тајната книга

Филм од 2006 година


Не постои појава во средновековната историја на балканските народи што толку многу ги привлекувала истражувачите како што е тоа богомилското духовно движење. Еден од најмистериозните манускрипти е Тајната книга која содржи резиме на богомилската доктрина и се смета за автентично дело на богомилската литература. Оригиналот на Тајната книга до ден денес не е пронајден. Еден запис од каркасонскиот препис упатува на можноста дека Тајната книга на богомилите потекнува од балканските простори. И поради Тајната книга на просторот на Македонија ќе се сретнат повеќемина научници-истражувачи кои ќе направат обид да ја пронајдат, да ја одгатнат повеќевековната мистерија. Токму тука е средиштето на филмското дејствие. Чекор по чекор, информација по информација, тука на овој простор да се одгатне загатката...

Режија: Цветановски Владо
Сценарио: Плевнеш Јордан, Цветановски Љубе
Главни улоги: Јовановски Владо, Јовановски Мето, Јолевски Ѓорѓи, Митевска Лабина
Споредни улоги: Зози Димитар, Мирчевски Петар, Поповска Јоана, Ристевски Кирил, Светиев Владимир, Талевски Владимир, Темелковски Петар, Чамински Александар, Шијаковиќ Арна
Музика: Анастасија
Сценографија: Светозарев Валентин
Светло: Богоевски Петар
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина

Улоги: Jean-Claude Carriere, Thierry Fremont, Илија Плевнеш, Елена Трајковска, Јохана Николова, Мими Таневска