Маклабас

Филм од 1998 година


Агентот Ансаров, еден од главните ликови на филмот е вовлечен во чудна истрага за серија убиства. Жртвите се агенти на разни странски разузнувачки служби. Дознава, со помош на своите врски и контакти, дека тие луѓе се вмешани во некаква замрсена игра којашто се концентрира околу испитувањето и експлоатацијата на еден многу редок минерал, дотолку поскап и поскапоцен заради фактот дека од него се произведува и некаков ексклузивен наркотик.

Истовремено, елитните научници во тој минерал гледаат можност да навлезат во хибернираните димензии на антиматеријата. Утврдено е дека минералот (Зелениот дијамант) е свесен за себе, односно дека поседува некаков вид на свест (аспект на космичкиот Ум). Ансаров, одеднаш, се наоѓа себеси во брутална и беспоштедна војна меѓу двете мултинационални корпорации што сакаат да остварат стратегиска предност во регионот каде што се наоѓа минералот и да остварат слободна експлоатација. Сите нивни обиди завршуваат трагично заради средбите со примитивниот и исконски (митолошки обликуван) шумски човек Маклабас. Тој е митолошки заштитиник на планините (а со нив и на самиот минерал), и тој не ја дозволува експлоатацијата на минералот, сметајќи го тоа за сквернавење на исконската невиност на природата...

Режија: Станковски Александар - Ацо
Сценарио: Станковски Александар - Ацо
Директор на фотографија: Галевски Влатко
Сниматели: Јанковиќ Александар - Фриц, Ферро Бранд, Хоџа Нехру
Монтажа: Живоиновиќ Војо
Продуцент: Галевски Влатко
Главни улоги: Даскалов Илија, Доневски Мирче, Панов Митко
Тон: Зафировски Братислав - Брацо