Буре Барут

Филм од 1998 година


Филмот е работен според истоименото драмско дело на Дејан Дуковски. Дејствието се случува во Белград, кон средината на 90-тите години од дваесеттиот век. Во една ноќ животите на дваесетина луѓе се вкстуваат во еден речиси театрален бес. Незрело момче ќе украде кола чиј сопственик ќе го следи и ќе го разори домот на неговиот татко. Мајкл, кој неодамна се вратил од странство, се надева дека ќе му појде од рака да ја врати својата бивша девојка Наталиј, чие сегашно момче изгледа наполно недораснато. Еден Босанец вози автобус за да го дополни домашниот буџет, додека неговиот син е шверцер кој работи за газда-садист. Тука е и таксистот кој му купува пијалок на полицаецот кого го осакатил од освета. Во таа мрачна белградска ноќ се наоѓа и едно младо друштво кое меѓусебно признаваат извесно предавство, но следува насилство кое кулминира кога еден од друштвото ќе се обиде да малтретира жена во возот. И се така, во таа мрачна белградска ноќ...

Сценарио: Дуковски Дејан
Главни улоги: Берчек Александар, Михајловски Тони, Ристановски Никола
Споредна улога: Манојловиќ Предраг - Мики

Режија -- Горан Паскаљевиќ
Сценарио -- Горан Паскаљевиќ, Филип Давид, Зоран Андриќ
Директор на фотографија -- Милан Спасиќ
Музика -- Зоран Симјановиќ
Монтажа -- Петар Путниковиќ
Сценограф -- Миленко Јеремиќ
Костимограф -- Зора Мојсиловиќ-Поповиќ, Суна Чифтчи
Продуцент -- Антони де Клермон-Тонер, Горан Паскаљевиќ, Дејан Вражалиќ

Улоги: Иван Бекјарев, Мира Бањац, Воислав Брајовиќ