Самоуништување

Филм од 1996 година


Филмот „Саомуништување“ е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството, иако пред сè, тоа е семејна морална драма која може да се смести и во кое било време и место, а во случајов се одвива во едно скопско предградие, и се случува сега. Тоа е приказна за Куплунг, таксист, човек без морални предрасуди, силеџија и љубовџија, човек што ги почитува само своите страсти. Тој кон сопругата Стојна, работничка во фабрика, се однесува како кон сопственост, па таа ропски послушна ги исполнува неговите барања и го поднесува неговото грубо и просто однесување.

Цоле, неговиот син студент, е малтретиран од својот татко кој кон него не чувствува ниту татковска љубов ниту обврска. Единствена слабост Куплунг покажува кон неговата љубовница Шила, кафеанска пеачка, која се мажи за полицискиот инспектор, брат на Стојна. Само тогаш Куплунг е исфрлен од шемата по која живее и веднаш бара нов сексуален објект. Жртва станува девојката на неговиот син, Вилма, наивна и приглупа девојка која по силувањето станува негова љубовница. Од оваа тајна врска таа останува бремена. Цоле, при една брутална сцена на насилство на Куплунг врз Стојна, го напаѓа таткото кој потоа останува инвалид врзан за количка. Цоле се жени за Вилма, таа раѓа син, а Стојна и понатаму ропски ја поднесува судбината обременета со нови тешкотии.

Режија: Алтанај Ербил
Сценарио: Насев Сашко
Директор на фотографија: Ѓунѓур Синан
Монтажа: Кесман Демир, Кочак Мевљут
Продуценти: Михајловски Јовица, Симеонов Георги
Главни улоги: Коцевска Катерина, Мијатовиќ Јелена, Митковски Оливер, Михајловски Јовица
Споредни улоги: Божиновска Валентина, Михајловски Тони, Мјаку Бајруш, Чоревски Благоја
Музика: Стефановски Влатко