Македонска сага

Филм од 1993 година


Доаѓањето на младиот учител Дамјан во едно село во Западна Македонија го разбранува вообичаеното секојдневие на неговите жители кои припаѓаат на различни вероисповеди. Тој по многу нешта се разликува од поранешните учители во селото. Со својата младост, со начинот на комуницирање со децата и со авангардизмот го привлекува вниманието на селаните.

Во таквиот склоп на околности, тој е почитуван гостин во многу селски домаќинства. Во едно од нив живее и девојката Џемиле, сестра на новиот пријател на учителот, кој по игра на случајот е и првата личност што тој ја запознава по пристигнувањето во селото. Убавата девојка му го привлекува вниманието на Дамјан кој во почетокот, можеби и неодговорно, и се додворува, не водејќи сметка за патријархалноста на средината во која се наоѓа. Се раѓа љубов, чија трагична компонента е присутна од самиот нејзин почеток. Различната верска припадност не ветува можност за среќен крај на љубовта што наскоро ќе престане да биде тајна. Под силниот притисок на семејството на Џемиле и на селото воопшто, Дамјан ќе го напушти селото. Набрзо потоа, како во бунило, тој се враќа. Но, во тој временски интерегрум Џемиле се самоубива, скокајќи во надојдените води на реката крај која и започна нејзината голема љубов.

 Режија: Гапо Ивановски Бранко
Сценарио: Гапо Ивановски Бранко, Дракул Симон
Директор на фотографија: Самоиловски Владимир
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Грбевски Димитар
Продуцент: Мижимаков Панта
Главни улоги: Јовановски Владо, Јовановски Мето, Поп-Христов Кирил, Светиев Владимир, Танески Биљана, Темелковски Петар
Споредни улоги: Ангеловска Ѕвездана, Ангеловски Шишман, Беговска Бедија, Билал Салаетин, Бисерков Ѓорѓи, Вртева Веска, Груби Феми, Гулевски Јусуф, Јашар Мустафа, Јовановски Ацо, Јосифовски Јосиф, Камџијаш Чедо, Максут Ердоан, Максут Сузана, Максут Џемаил, Микиќ Александар, Николовски Тодор, Павловски Предраг, Стефановски Илко, Стефковска Жаклина, Хаџиманов Зафир
Музика: Константинов Љупчо
Сценографија: Ивановски Менде
Костимографија: Петровска Данкица
Тон: Паковски Глигор
Монтажа на тон: Паковски Глигор
Светло: Адамовиќ Драган, Богоевски Петар, Крстевски Милосав - Ага
Асистент снимател: Ферро Бранд
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина
Асистент тон снимател: Јаневски Коста
Организатор на снимање: Ацевски Стеван - Стевче