Цената на градот

Филм од 1970 година


Едно гратче во Македонија е под германска окупација. Крајот на војната наближува. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници.

Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници, уценувајќи ги со минирање на градот. Но, љубовта што командантот ја чувствува за гимназијалката Елена го попречува во извршувањето на злосторството. Како откуп за градот ја бара девојката. Таткото на Елена, свештеник, се жртвува себе си и ќерка си, и ги венчава. Партизаните влегуваат во градот и во германскиот штаб ги убиваат штотуку венчаните, во моментот кога на лицето на Елена за првпат се забележува симпатија кон германскиот командант.

Режија: Георгиевски Љубиша
Сценарио: Дракул Симон
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Монтажа: Чемчев Вангел - Лаки
Главни улоги: Бадеску Силвија , Дарие Јурие, Јовановски Ацо, Костовски Драги, Стефановски Ацо, Стојковски Петар - Бабец, Фелба Драгомир
Споредни улоги: Гешовска Нада, Дамевски Дарко, Диневски Вукан, Дишљенковиќ Предраг, Исаја Јован - Јон, Исаја Мара, Јосифовски Јосиф, Стефановски Димче, Трајковски Љубиша, Ќортошев Кирил
Музика: Македонски Кирил
Директор на филм: Ангеловски Благоја