Време без војна

Филм од 1969 година


Фидан е млад човек кој живее и работи во градот. Неговиот татко Дичо, селанец и борец во војната и во револуцијата, по војната ја застапува идејата за колективизација и индустријализација на селото. Искрено верувајќи и работејќи на тоа, Дичо се судрува со повеќето од селаните, но најжестоко се конфронтира со својот добар пријател, соборец и побратим Лазар. По пропаѓањето на задругарството, Дичо заминува од селото.

По неговата смрт Фидан, исполнувајќи ја татковата желба, го погребува во родното село. Престојувајќи таму, Фидан се обидува да се пронајде себеси во новата средина, во новиот ангажман со сточарството, кој за него значи голем предизвик, како и во контактите со нови лица. Тука доживува и нова љубов со девојката Благуна, ќерка на Лазар, која наскоро станува негова жена. Иако изложен на недовербата на соселаните, Фидан со сиот елан се занимава со одгледувањето на овците. Но, законите на пазарот се немилосрдни и во тие услови не е можна реализација на неговата замисла. Враќањето на Фидан на татковото огниште не му го донесува бараниот мир ниту, пак, нова содржина во животот.

Режија: Гапо Ивановски Бранко
Сценарио: Дракул Симон
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Монтажа: Лазаров Маја
Главни улоги: Ангеловски Шишман, Арнериќ Неда, Дамевски Дарко, Димитриевиќ Слободан, Јовановски Ацо, Ќортошев Кирил
Споредни улоги: Ајрула - Тозија Сабина, Ангеловски Коле, Васовски Панче - Камшик, Вртева Веска, Врховец Јанез, Гешовска Нада, Гешовски Димитар, Донева Вукосава, Исаја Јован - Јон, Јаниќиевиќ Душан, Стојанов Крум, Тадиќ Љуба, Хаџиманов Зафир, Шаља Абдурахман
Музика: Прошев Тома
Директор на филм: Петровски Ацо