Планината на гневот

Филм од 1968 година


По Втората светска, социјалистичката револуцијавојна и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. 

Наспроти тоа, Стамат се соочува и со решението на Околискиот комитет, планината што им обезбедува егзистенција и која што селаните ја сметаат за своја, да му се додели на Дрвниот комбинат. Настојувањето на Стамат решението да се промени е без успех. Тој чувствува дека неговиот револуционерен идеал е брутално изневерен поради нечии бирократски решенија. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна.

Режија: Георгиевски Љубиша
Сценарио: Поповски Анте
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Чемчев Вангел - Лаки
Главни улоги: Вучо Оливера, Гешовска Нада, Дамевски Дарко, Јериниќ Бранислав, Прличко Петре, Фелба Драгомир, Шишков Ристо
Споредни улоги: Васовски Панче - Камшик, Гешовски Димитар, Гравчевски Владимир, Грозданов Мите, Дишљенковиќ Предраг, Исаја Мара, Јовановски Ацо, Јосифовски Јосиф, Костовски Драги, Стефановски Ацо, Стефановски Димче, Стефановски Ристо, Стојанов Крум, Стојковски Петар - Бабец
Музика: Прошев Тома
Директор на филм: Ангеловски Благоја