Мементо

Филм од 1967 година


Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на замјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.

Режија: Османли Димитрие
Сценарио: Бошковски Јован, Георгиевски Ташко, Османли Димитрие
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Монтажа: Лазаров Маја
Главни улоги: Гешовска Нада, Жигон Стево, Костовски Драги, Николовски Тодор, Прличко Петре, Ќерамилац Предраг, Фреинскорн Рената
Споредни улоги: Ангеловски Владимир Дади, Ангеловски Коле, Гешовски Димитар, Дишљенковиќ Предраг, Донева Вукосава, Дуковски Самоил, Исаја Јован - Јон, Исаја Мара, Ќортошев Кирил
Музика: Адамич Бојан
Организатор на снимање: Калиќ Милош