Македонска крвава свадба

Филм од 1967 година


Додека во втората половина на XIX-от век Европа ја потресуваат буржоаските револуции, Македонија се уште егзистира во рамките на закоравената феудална Турција. Македонскиот народ е изложен на самоволието на турските феудални замјопоседници. Во царството владее анархија, чиј резултат е теророт врз незаштитениот народ...На имотот на еден од многубројните бегови во Македонија, работат „неговите“ селани.

Време е за жетва. Бегот гони еден Турчин кој поради своите прогресивни идеи мора да биде казнет. Во бегството му помага овчарот Спасе. Трагата по избеганиот Турчин го доведува аскерот до жетварите. Меѓу нив е и селската девојка Цвета, чија убавина не може да остане незабележана. Бегот ја грабнува девојката. Ја носи во својот сарај меѓу другите жени од харемот. Ветувањата за лесен живот како една од неговите жени не се доволни да ја убедат Цвета да ја промени верата и да се откаже од своите.

Нејзините соселани предводени од попот и од овчарот Спасе (саканиот на Цвета), го бараат нејзиното ослободување. Во случајот се ангажираат и дипломатските претставници на големите сили со седиште во Битола и девојката е ослободена. Но, на денот на нејзината свадба доаѓа бегот со своите војници. Цвета гине, Спасе го убива бегот и заминува во комити.

 

 Режија: Попов Трајче
Сценарио: Јаневски Славко
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Чемчев Вангел - Лаки
Главни улоги: Ангеловски Коле, Врховец Јанез, Вуисиќ Павле, Костовски Драги, Прличко Петре, Фелба Драгомир, Хаџиманов Зафир, Чукиќ Вера , Шишков Ристо
Споредни улоги: Арсова-Џундева Љупка, Бегинов Борис, Васовски Панче - Камшик, Видов Тома, Вртева Веска, Гешовски Димитар, Гравчевски Владимир, Дамевски Даркo, Диневски Вукан, Дишљенковиќ Предраг, Донева Вукосава, Исаја Мара, Јакимовска Цветанка, Јовановски Ацо, Камџијаш Чедо, Милчин Илија, Николовски Тодор, Попов Киро, Стефановски Ацо, Стефановски Димче, Стефановски Ристо, Ќортошев Кирил, Ќостаров Димитар, Цекова Стојка
Музика: Македонски Кирил
Директор на филм: Ангеловски Благоја