Каде по дождот

Филм од 1967 година


Лела е ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот. Момчето за кое треба да се мажи, во почетокот така инспиративно во своите постапки и размислувања, сега значи уште едно разочарување повеќе. Некогаш туѓ, конформизмот и за него станува единствен начин на живот. Поради тоа, во една случајна средба, Лела му се подава на едно сосема непознато момче.

Не можејќи до крај да се спротивстави на наметнатите норми на средината во која се наоѓа, таа го прифаќа и го прави она што другите го очекуваат и го бараат од неа. Филмот завршува со текстот: „Постои време за плач и време за смеа... време кога се стекнува и време кога се губи“, од Книгата на Пророкот, глава 3.

 Режија: Слијепчевиќ Владан
Сценарио: Ќирилов Јован
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Лазаров Маја
Главни улоги: Пешиќ Станислава, Ранер Али, Спиридоновиќ Олга, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Гешовски Димитар, Дуковски Самоил, Прличко Петре, Шишков Ристо
Музика: Прошев Тома
Директор на филм: Ангеловски Благоја