Денови на искушение

Филм од 1965 година


По завршувањето на Балканските и на Првата светска војна (1918 год.), повеќе стотини Македонци емигрираат во Бугарија. Меѓу нив се и врховистички ориентираните Македонци кои сакаат емиграцијата да ја искористат за свои политички цели. Таму се елиминирани повеќе чесни борци за слободата на Македонија.

Во еден од атентатите, организирани во Софија, убиен е и Ѓорче Петров. Атентаторот е младо момче кое не знае дека го убива човекот кој е еден од последните вистински пропагатори и борци за слободна Македонија. Сознанието дека е вовлечен во редовите на врховистите и дека е искористен за извршување на овој подол чин, значи смртна пресуда и за него.

 

Режија: Гапо Ивановски Бранко
Сценарио: Гапо Ивановски Бранко, Солев Димитар, Тодоровски Гане
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Јенчиќ Блаженка
Главни улоги: Врховец Јанез, Гешовски Димитар, Ѓуричин Радмила, Мириќ Воја, Прличко Петре, Ќерамилац Предраг, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Дамевски Дарко,  Исаја Јован - Јон, Јаниќиевиќ Душан, Налис Антун, Ќортошев Кирил
Музика: Зографски Томислав
Директор на филм: Рајчевиќ Јоцо