Три Ани

Филм од 1959 година


Пензионираниот железничар Марко Петриќ ги живее монотоно своите пензионерски денови сè до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка Ана ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени од кои секоја подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека вистинската Ана загинала во војната.

Режија: Бауер Бранко
Сценарио: Глумац Слободан
Директор на фотографија: Блажина Бранко
Монтажа: Иванчевиќ Радојка
Главни улоги: Гал Дубравка , Кон Марија , Мишковиќ Светлана, Стефановиќ Душан
Споредни улоги: Врховец Јанез, Јаниќиевиќ Душан, Медар Владимир
Музика: Адамич Бојан
Директор на филм: Бауер Радо