Виза на злото

Филм од 1959 година


Симон, млад човек кој решил брзо да се збогати, учествува во шверцувањето на дрога. При една средба со човекот кому треба да му ја предаде стоката ги открива милицијата. Бегајќи, Симон го губи паричникот и претпоставува дека поради тоа неговиот идентитет и е познат на милицијата.

Калпак, бескрупулозен човек и организатор на оваа шверцерска група, инсистира тој и Симон да заминат од земјата. Симон се согласува илегално да ја помине границата. Во аферата случајно се вмешуваат Лена, девојка на Симон, и Цветко, негов брат. На пат тргнуваат сите заедно. Лена се обидува да го убеди Симона да се предаде на власта, но аргументите на Калпак, кој манипулира со изгубениот паричник, се појаки. Во обидот сите заедно да го минат езерото со украден чамец и гонети од милицијата, Калпак загинува, Симон е ранет, а девојката Лена ја истура дрогата во езерските води.

Режија: Штиглиц Франце
Сценарио: Јаневски Славко
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Монтажа: Бјењаш Воислав - Вања, Бјењаш Јелена
Главни улоги: Дишљенковиќ Предраг, Јовановски Ацо, Оцвирк Метка, Перовиќ Слободан, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Бужаровски Димитрие, Дамевски Дарко, Крстевски Драги - Амфи, Прличко Петре, Стефановски Ристо
Музика: Адамич Бојан
Директор на филм: Караѓозовски Љубе