Мис Стон

Филм од 1958 година


1901 година. Во Македонија расте отпорот против Отоманската Империја. Многубројни чети комити сведочат за готовноста на македонскиот народ да се бори за својата слобода. Во исто време разни верски мисии се обидуваат да го прошират своето влијание меѓу народот. Во Солун се наоѓа центарот на американската протестантска мисија за Македонија. По добиената дозвола за отворање верски курс во село Банско, мисионерите тргнуваат на пат. Во мисионерската група се Елен Стон, Американка, и брачниот пар Цилка, Македонци воспитувани во Америка.

Нивното заминување од Солун ќе го искористи ВМРО како начин пред светската јавност да се проговори за состојбата во Македонија и да се овозможи вооружување на нови чети комити. Со таа цел четата на Јане Сандански ја грабнува Елен Стон и за неа од турската влада бара откуп во висина од 25.000 златни лири. Во почетокот Мис Стон, пацифистички ориентирана, не се согласува со барањето на комитите, за потоа, минувајќи низ борби со турскиот аскер и станувајќи сведок на ѕверствата на кои е изложен незаштитениот народ, да застане на страната на комитите и да го потпише писмото со кое барањата на ВМРО ќе бидат исполнети.

 

Режија: Митровиќ Живорад - Жика
Сценарио: Абаџиев Ѓорѓи, Попов Трајче
Директор на фотографија: Стојановиќ Миша
Монтажа: Бјењаш Воислав - Вања
Главни улоги: Автовски Никола, Дамевски Дарко, Костовски Драги, Медар Владимир, Милчин Илија, Николовски Тодор, Оцокољиќ Драган, Прличко Петре, Спиридоновиќ Олга, Старчиќ Виктор, Тоциноски Марија, Ќостаров Димитар, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Васовски Панче - Камшик, Вељановски Петар, Диневски Вукан, Дишљенковиќ Предраг, Стефановски Ацо, Стефановски Димче, Стефановски Ристо, Цекова Стојка
Музика: Рупник Иван
Директор на филм: Камберски Јово