Малиот човек

Филм од 1957 година


Мишо е дете на разведени родители. Живее со мајката која не му обрнува многу внимание и малку време минува со синот. Случајното кршење на излогот на слаткарницата, средбата со љубовникот на мајката и инциндентот во училиштето се случуваат едно по друго и ја потенцираат збрката и тагата во детската душа. Мишо бега од училиштето и на брегот на реката наоѓа нови другари, не претпоставувајќи дека се тоа мали крадци предводени од возрасниот Бајо, кој за разлика од неговата мајка знае да разговара со него.

Мајката го пријавува исчезнувањето на детето во милицијата. Бајо, кој му дава засолниште на малиот Мишо, прави план за ограбување на една продавница во која е можно да се влезе низ мал прозорец. За таа цел го користи Мишо. Соочен со вистината Мишо го привлекува вниманието на милицијата кршејќи го излогот на продавницата. Бајо е фатен, а малиот човек трчајќи заминува во ноќта.

Режија: Чукулиќ Жика
Сценарио: Маричиќ Светолик, Новак Јосип, Радишиќ Ѓорѓе, Чукулиќ Жика
Директор на фотографија: Новак Јосип
Монтажа: Лазаров Маја Хабиќ Нева
Главни улоги: Марковиќ Раде, Плеша Бранко, Рубен Емил, Ступица Мира, Џувалековски Илија
Споредни улоги: Аранѓеловиќ Столе, Викторовиќ Михајло, Врховец Јанез, Марковиќ Љиљана, Стојанов Крум
Музика: Тијардовиќ Иво