Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Фестивалот „Ристо Шишков” е единствениот театарски фестивал во Македонија кој во преден план го става и вреднува актерското мајсторство.


Фестивалот за прв пат се одржа на 22 октомври 1992 година во Струмица. Манифестацијата се отвори со изложба на фотографии од личниот и професионален живот на актерот Ристо Шишков, и беседа за него. Фестивалот се одржува во Домот на културата во Струмица. 

Секоја година се доделува наградата „Ристо Шишков” за најдобро актерско остварување.

Институт за театрологија