Охридско лето

Концерт на Ана Липша Тофовиќ, со пијано придружба на Ладислав Парлиќ, одржан во катедралната црква Св.Софија во Охрид на 4 август 1961 година, го означува почетокот на фестивалот Охридско лето.


Развивајќи се во текот на годините, фестивалот прерасна во интернационална театарска, музичка и балетска манифестација на која досега учествуваа уметници од преку педесет земји од Европа и од светот (Австралија, Австрија, Албанија, Алжир, Аргентина, Белгија, Белорусија, Бразил, Бугарија, Бртитанија, Виетнам , Венецуела, Германија, Грузија, Израел, Италија, Индија, Канада, Кипар Куба, Јапонија, Југославија, САД, Турција, Унгарија, Уругвај, Финска, Франција, Швајцарија, Шри Ланка, Шпанија и други). 

Охридско лето е член на Европската унија на фестивалите. Традиционално се одржува помеѓу 12 јули и 20 август. 

Фестивалот нема компетитивен карактер, иако одделни весници, како „Нова Македонија“ и „Вечер“ доделуваат награди за најдобри драмски и музички остварувања („Охридска Изида“, од 1992 година, „Св Климент Охридски“ од 1999 година и „Златна маска“ од 1994 година).

Институт за театрологија