Млад отвотен театар

Интернационалниот фестивал Млад отвотен театар (МОТ), за прв пат го организира Младинскиот културен центар во мај 1976 година.


Отварањето се одбележа со претставата на Театарската дружина Драмско студио Пруфкок во режија на Едвина Дорман. 

МОТ ги презентира и овозможува разменување/циркулирање на млада, свежа, експериментална, авангардна театарска енергија и искуство меѓу учесниците и мегу посетителите на театарските претстави. Секоја година фестивалот се одржува под ново мото и во согласност со него се одбираат учесниците на фестивалот. 

Како учесници на МОТ се презентираат театарски групи, театари, самостојни театарски уметници над 50 земји од Европа и од светот.

Институт за театрологија