Мајски оперски вечери

По иницијатива на неколку ентузијасти, вработени во Операта на Македонскиот народен театар, идејата за постоење на фестивал на операта, се реализира со создавањето на фестивалот Мајски оперски вечери (МОВ).


За отварање на првите Мајски оперски вечери, оркестарот и оперскиот ансамбл на Македонскиот народен театар (МНТ) ја изведе операта Цар Самоил од Кирил Македонски, на 9 мај 1972 година. Од ова година Мајските оперски вечери традиционално се одржуваат секоја година. Македонската публика на фестивалот има можност да се запознае и да ужива во оперските вредности не само на македонските оперски пејачи, диригенти, режисери, кореографи....., туку и во вредностите на уметнците од Европа и светот. 

Во текот на годините Мајските оперски вечери прерасна во интернационален оперски фестивал. Досега на фестивалот МОВ одржани се преку 280 приредби, со над 1200 учесници од повеќе од 20 земји (Австрија, Британија, Германија, Италија, Русија, Бугарија, Романија, Унгарија, Франција, Египет, Југославија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Македонија и други).

Институт за театрологија