ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА

Од 21 - 24 октомври 1999 год. беше одржан Првиот фестивал на македонска монодрама.


Организирајќи и истражувајќи повеќе видови културни манифестации, Центарот за култура - Битола, пред девет години, ја согледа можноста за основање на една институција, што би била од пошироко значење за македонската култура со основањето на еден фестивал на монодрама се отвора простор за нов творечки импулс во областа на театарското творештво, со кој би се стимулирала и креативноста на драмските творци, а градот Битола би добил уште еден фестивал, покрај фестивалот на филмската камера, од културен интерес за Македонија. 

Од 21 - 24 октомври 1999 год. беше одржан Првиот фестивал на македонска монодрама. На првиот фестивал зедоа учество само актери од тетарската сцена во Македонија, а Фестивалот имаше ревијален карактер. 

Следната, 2000 год. Вториот Фестивал веќе отвори можност за учество на артисти од заинтересираните земји од нашето окружување - Југославија и Бугарија. 

На третиот Фестивал на монодрама, што се одржа од 25 - 28 октомври, 2001 год., беше претставена првата збирка на монодрамски дела ,,Македонска голгота“, со што се потврди и концептот на Фестивалот да го стимулира театарскиот говор на македонската сцена и потенцијалите на современата македонска драматургија. Артистите од бугарија, Југославија и Грција ја потврдија повторно перспективата на овој Фестивал како интернационален. 

Четвртиот Фестивал на монодрама 2002 год, доследно истрајува на концептот од претходните години. фестивалот го следи и поттикнува домашното монодрамско творештво и ја проширува комуникацијата со другите фестивали во Европа. На Фестивалот, покрај македонските артисти, настапуваат и значајни и признаени имиња во светот на театарското творештво од Југославија, Бугарија, Хрватска и Словенија. Новост на Фестивалот е востановувањето на единствена награда за најдобра претстава, што му беше доделена на актерот од хрватска, Вили Матула, за бравурозната изведба во претставата ,,Минхаузен”.
Петтиот Фестивал ќе направи обид да го втемели овој фестивал како интернационален и препознатлив меѓу другите фестивали на монодрама, на картата на театарските настани надвор од границите на нашата земја. Наградата за најдобра претстава ја освои актерот од Босна и Херцеговина, Зијах Соколовиќ, за претставата ,,Мечка”. 

Шестиот Фестивал ја потврди својата определба да ги претставува и на наше тло, светските монодрамски остварувања како на пример, учеството на актери од Швајцарија, Литванија, Естонија, како и врвните квалитетни монодрамски остварувања од соседните земји. На Фестивалот беа доделени две награди, на Бируте мар од Литванија и Рада Ѓуричин од Србија и Црна Гора.

Репертоар

Институт за театрологија