Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински

Конституиран во 1965 година, фестивалот на македонскиот театар континуирано ги презентира најдобрите театарски/драмски остварувања во текот на годината, по избор на селектори, се презентираат и наградуваат на Македонскот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп.


Отварањето на Првиот фестивал се одржува на 4 јуни 1965 година, со претставата Бановиќ Страхиња од Михајловиќ Борислав - Михиз, во режија на Дамевски Благоја. Организатор на фестивалот е Здружението на драмските уметници од Македонија. 

На фестивалот се презентираат театарски претстави по дела на европски и светски автори, додека секоја четврта година се презентираат само претстави по текст на македонски автори. На тој начин се актуелизира македонската драматургија и се афирмираат македонските драмски автори.
На фестивалот секоја година се доделуваат награди за најдобрар/а : претстава во целина, актерско остварување, режија, текст од македонски автор, сценографија, костимографија, рекламен материјал, млад актер, епизодна улога, животно дело.

Институт за театрологија