Денови на комедијата - Куманово

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово во 1998г. го иницира и подготвува Фестивалот Денови на комедијата.


Фестивалот е единствен фестивал директно насочен кон етаблирање на комедијата во Р.Македонија, а до денес се оформува и како фестивал со меѓународен карактер. 

Фестивалот има ревијален карактер и се одржува секоја година, во првата половина на месец февруари. Учество на фестивалот земаат професионалните театарски куќи од Р.Македонија, меѓународни театарски институции, како и независни театарски продукции. 

Во работата на Фестивалот како советодавно и стручно тело, работи Советот на Фестивалот. Во неговата работа учествувале (во различни периоди) повеќе еминентни театарски работници од Македонија. 


Институт за театрологија