КОЈ РАНО РАНИ - НЕ Е КРЕАТИВЕН

Најкреативни сме во 22.04 часот



И покрај онаа старата Кој рано рани, две среќи граби, што значи рано легнување и рано станување, новата студија покажува дека оние кои порано си легнуваат ги пропуштаат најкреативните идеи.

Истражувањето спроведено на 1.426 полнолетни луѓе, за кои инаку се верувало дека се најкреативни во текот на работното време, се покажало дека попладне, особено околу 16:33 дури 98% се чувствувале најмалку инспирирани. Понатаму, истражувањето покажува дека сме најпаметни во 22 часот и 4 минути, бидејќи тогаш ни доаѓаат најкреативните идеи.

Прашани за методите кои ги користат за да ја покренат својата креативност, 44% од испитаниците го навеле туширањето. За жал, дури и кога ќе добијат некои брилијантни идеи, 58% откриваат дека не ги запишуваат туку истиот момент ги забораваат.

Слично италијанско истражување во 2006 исто така открило дека оние кои се будни доцна навечер имаат најоригинални идеи кои се неконвенционални и боемски. Потврдено е и тоа дека жените подобро ги помнат своите најкреативни замисли од мажите.