Кураторска работилница

Во Отвореното графичко студио, при Музејот на град Скопје, денес (20 ч.), ќе се отвори авторска изложба на историчарот на уметност Горанчо Ѓоргиевски, насловена Curatorial Workshop.



Во Отвореното графичко студио, при Музејот на град Скопје, денес (20 ч.), ќе се отвори авторска изложба на историчарот на уметност Горанчо Ѓоргиевски, насловена Curatorial Workshop.
Curatorial Workshop на Горанчо Ѓорѓиевски е замислен како едноставен проект во кој кустосот е фотографиран со одбраниот уметник во контекст на уметниковото творештво. Преку овој проект се разгледуваат сложените промени во "природата" на уметничкото дело, односно, се разгледува ситуацијата во која кустосот презема извесни компетенции на уметникот и на трагите на материјалната практика на уметикот го изведува својот кураторски проект.

Во проектот учествуваат светски познатата уметничка група IRWIN, Урош Ѓуриќ (познат на македонската јавност по улогата на Ангелот во филмската трилогија "Ми нисмо анѓели"), Атанас Ботев, Александар Станкоски, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Ѓорѓе Јовановиќ, Мирослав Стојановиќ - Шуки, Нина Тодоровиќ и Борјана Ѓорѓиевска, како и фотографите Бојан Симовски, Роберт Јанкулоски, Предраг Терзиќ и Бојан Радовиќ.

Предговорот во каталогот го пишува професор Мишко Шуваковиќ, признат европски теоретичар на концептуалната уметност.