Пет отсто од компаниите со ХАСАП

Помалку од пет отсто од фирмите кои работат со храна во земјава го имплементирале ХАСАП системот.



Помалку од пет отсто од фирмите кои работат со храна во земјава го имплементирале ХАСАП системот. Поради тоа голем број на производители од 1 јануари в година ќе бидат затворени, бидејќи за два месеци и официјално треба да стартува примената на овие безбедносни стандарди при производството на храна. Божин Петрески, раководител во Дирекцијата за храна потврдува дека нема реални шанси во овој период да се имплементираат ХАСАП стандардите поради што постои размислување да се бара продолжување на рокот.

Во канцеларијата на ТАМ/БАС Програмата на ЕБРД вчера беа доделени 70 меѓународно признаени сертификати на претставници од угостителскиот бизнис, кои годинава ја посетуваат работилницата за воведување на ХАСАП стандардите и го положија испитот. Според Јован Гавриловски, Национален директор на програмата за земјава 225 лица ја посетиле обуката, од кои 45 проценти биле претставници од рестораните, 8 отсто од градинките, 17 проценти од хотелиерите и 14 проценти од кетеринг службите на Влада.