Српска преписка XXIV

 Милојко В. Веселиновиќ, од Белград – на Др. Владан Ѓорѓевиќ, Министер за просвета и црквени работи во Белград


Господине Министер,

По Ваша наредба, а во договор со г. Љ.Ковачевиќ, јас си земав за задолжение да напишам буквар за МАЌЕДОНЦИТЕ, или подобро за Србите во Македонија и Стара Србија, што и го направив, па ракописот од истиот учтиво под . /. го приложувам на увид и решавање; воедно пак ги враќам другите два ракописи на Баџовиќ и Групчевиќ-Евровиќевиот буквар, пратени под ССNo 87 и 100 т.год.


Љубомир Ковачевиќ, Српски историчар и политичар

Прво би имал да кажам неколку скромни збора за изработката и какви и што се букварите на Баџовиќ и Групчевиќ-Евровиќевиот. 

Обата ракописи се прост превод на нашите буквари, разликата е во тоа, што Баџовиќ ја преведуваше од постар, а Групче и Евровиќ од понов буквар на Г./Стеван/ Чутурила; но обата се така лошо преведени, да не би можеле никако критички да се бранат, ако некој од нив би се примил, а особено што по нашите училишта во оние предели би биле штетни, не само што се лошо преведени, но и токму и со тоа што се превод па овој е стегнат и нема никаква смисла, зашто преводот не е сознавачки и слободен, та и основните зборови се збркани со бугарскиот...

(з.н – следува долга анализа на поедини букви, зборови и фрази за кои авторот вели дека се “шарен превод, да во една иста реченица е кажано: половина со чисто српски, половина на бугарски, а половина на македонски изговор,..”. При крајот од ова повеќестранично писмо, авторот вели ..)

...Ако овој мој ракопис би се примил, би молел да при печатењето на ревизијата ми се прати преглед. Ако е можно пак, јас на драго срце би прифатил да за неколку месеци одам во Цариград, додека букварот не се допечати, и за тоа време би напишал и читанка за II оддделение, а подоцна и други книги би прегледал, зашто во скоро сите наши книги се зборува лошо за Турците, што би би требало за сега и во оваа прилика да се избегнува.
 
Најпосле би можел да средам и ги отпечатам народните песни и игри (песни) со арии, кои исто така би можеле да се растураат по училиштата, и би се умножиле во онамошните наши идни книжарници.

Ова е мое учтиво и скромно мислење.
Понизен
Милојко В. Веселиновиќ
20. август 1888 г.
во Белград

(Извори – Оригинал Архив Србије, МИД Пратеништвото на Цариград 16/1888;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.197-200)

Од писмото се наметнуваат следните факти:

1. Милојко Веселиновиќ е уште еден од изработувачите на повеќето верзии македонски буквари .Како и Баџовиќ веднаш тргнува да ги куди другите буквари (на Баџовиќ, Чутурила и Евровиќ-Групче) а да го фали својот буквар но и да нуди читанки.

2. Сепак и Баџовиќ, Еровиќ-Групче но и Чутурила во своите буквари како да повеќе се ослонуваат на македонскиот изговорен јазик додека Веселиновиќ сака поголемо влијание на српскиот јазик врз македонскиот буквар.

3. Иако сака да го затскрие македонскиот јазик и Македонците како засебен етникум, всушност ги открива кога неволно вели:”.. земав за задолжение да напишам еден буквар за МAЌЕДОНЦИТЕ или подобро за Србите од Македонија и Стара Србија..”, како и кога го критикува преводот во букварот на Баџовиќ дека бил : “половина со чисто српски, половина на бугарски, а половина на македонски изговор,..”.