Српска преписка XXII

Министерство за надворешни работи – на Министерството за внатрешни работи


Гм П/-ретседателе/,

На крал. срп. ген. конзулат во Скопје му е доставено од сигурна и меродавна страна, дека некој Игнат Кочовиќ, калуѓер од манастирот Св. Атанасие во округот Тетовски, пред извесно време отпатувал во Романија да собира милостиња, и да со таа цел има намера да дојде и во Србија.


Св.Атанасие с. Лешок, Тетовско - манастирот во кој проповедал Игнат Кочовиќ 

Бидејќи овој Игнат е еден од најжестоките и најподли непријатели на Српското население и Српската мисла, тоа ми е чест, г.МП, да Ве замолам, да повелете на доверените Ви Окружни власти по доверлив пат им обратете внимание на овој ОПАСЕН ПРОТИВНИК НАШ, и да им наредете, да за секој случај, ако би преминал во Србија, му се забрани собирање милостиња, и во исто време да под билокаков изговор што подолго го задржи во Земјата, зашто постои оправадно стравување, да со своето враќање во Тетовскиот округ ќе го продолжи својот стар занает, да го вознемирува нашето население и да му создава неприлики.

Министер за надвор. работи
Чедо Мијатовиќ
Министерство за надворешни работи
Бр.677
19. август 1888. година
во Белград

(Извори – Оригинал и индорсат. Архив Србије, МИД ППО ф. III,досие X, Дов. бр.677/1888;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.191)

Од писмото се наметнуваат следните факти:

1. И од ова писмо се увидува дека свештениците од ман. “Св.Атанасие”, Тетовско, во ова време се бедем на македонската национална борба против српско-бугарските пропаганди (повеќе во пропаганди кај Русија - Ритих за Лешочкиот манастир и отец Езекил).

2. Калуѓерот Игнат, оди по помош во Романија, која иако подалека и од Србија и од Бугарија за него како Македонец е очигледно “поблиска”, особено што не води пропаганда како овие две.Свештениците на бугарската пропаганда и не морале да просат по Европа, се им обезбедувале Егзархатот и Бугарија (на српските - Србија и српската црква).

3. Србите претпоставуваат дека Игнат може да дојде и во Србија, иако ова е чудно штом им е “еден од најжестоките противници” и “опасен противник наш”!? Затоа и било каквото негово задржување на подолго ако дојде во Србија е за да не штети по српското дело во Македонија.

4. Дека е ова македонска национална борба во Тетовско, освен од сведоштвата на конзули и лица од разни националности од тоа време, се гледа и од писмото кое избегнува спомнување на националната пропаганда за која Игнат работи. Кога е во прашање бугарската пропаганда српските извештаи нагласено ја именуваат, но македонската национална борба на која Игнат и припаѓа и Србите и Бугарите избегнуваат да ја споменат (Турците и со закон го забрануваат името Македонија).

5. Никој од нив кои делуваат по Тетовско (Срби, Бугари, Грци, Албанци, Турци) не сака стремежи за“нова” нација и држава, зашто не им се поклопува во нивните национални стремежи, па се прават дека не ја гледаат и дека не постои.