Српска преписка XVI

Чедо Мијатовиќ, Министер за надворешни работи на Кралството Србија – на Стојан Новаковиќ, Пратеник на Кралатсвото Србија во Цариград


Г.П., (з.н – Господине пратеник)

Вашите писма под ПБр. 80 и 102 во целина му ги соопштив на Министерот за просвета и црквени работи, кој сега ми јавува дека целосно усвојувајќи го Вашиот план за борба и оддржување на нашата народност во Македонија и Стара Србија, се согласува и со Вашиот предлог да се прими Бајкел за наш книжар издавач во Цариград. За да овој може што поскоро да ја превземе првата работа која е на ред, т.е. препечатување на насловните корица и лист каде е тоа нужно на сегашните, од турските власти цензурирани изданија од нашите училишни книги за Турција, г. Министер нареди и е сочинет список, кој ми е чест да Ви го пратам, и од кого ќе видете колку од тие книги имаме на располагање во нашата државна печатница.
 


Матија Бан, Српски професор политичар и дипломат

Држејќи дека сте во секој поглед понадлежен од овдешните училишни луѓе, да го оценувате колку и од која специјално книга треба веднаш да се прати во Цариград за погорната цел, јас Ве замолувам г.П., да го земете овој список на оценка, и штом добиеме Ваш одговор, ќе наредиме да книгите во количини кои Вие ќе ги назначите веднаш да се пратат во Цариград, на адреса од довереното Ви пратеништво.

Г. Министер за просвета потполно го прифаќа и Вашиот предлог да по некоја училишна книга, на пр. буквар или читанка, се напечати во Цариград при печатницата на г. Бајкел, и држи дека би требало да се почне со македонскиот буквар, за кој зборувате во своето писмо ПБр.102. Односно составувањето на тој буквар г. Др. Владан Ѓорѓевиќ го распиша, преку врањскиот начелник, за еден македонски буквар кој го изработи некогаш г. Деспот Баџовиќ, бивш срески началник, и дознал дека истиот се наоѓа кај г. М. Бан, и дека ќе му се поднесе; а ако ракописот е случајно загубен, г. Баџовиќ повторно ќе го напише, /тој буквар/.
 
Едновремено со ова повикани се г. Љубомир Ковачевиќ и Милојко Веселиновиќ, книжевник, и понудени се да заеднички изработат еден проект за македонски буквар, по упатства кои се наложени во споменатото Ваше писмо, и тие на таа работа се зафанаа. А бидејќи се прими и букварот од Јевровиќ и Групчевиќ, кој ми го пративте со своето писмо П.Бр.112, Министерот за просвета се надева дека со помош на овие проекти, до есенва ќе може да се спреми добар македонски буквар, кој веднаш ќе се испрати на Вас довереното пратеништво да кај г. Бајхел го отпечати. 

Оставајќи Ви, на крајот, на Вас да изберете најпогоден начин за објава на фирмата од нашиот книжар-издавач, мене ми е чест, г. П. да Ве замолам да се, за подмирување на трошоците, околу оваа работа ако какви да бидат – да повелете и се обратете на довереното ми Министерство. 
Повелете и.т.н. 

Мин.за над. раб.
Чедо Мијатовиќ
Министерство за надворешни работи на Кралството Србија 

Дов. бр. 499
10. јуни 1888. година
во Белград

(Извори – концепт. Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие VII, Дов. бр. 499/1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III, [1888-1889] Белград 1987, стр.162-163)


Од писмото се наметнуваат следните факти :

1. Предлог-планот на Стојан Новаковиќ за ширење српска пропаганда во Македонија низ вешто и ненаметливо за почеток (во помала мерка) србизирани македонски буквари и читанки, е усвоен од српската влада која ги задолжува соодветните Министри да прејдат на реализација.

2. Конкретно Министерот за просвета го известува Новаковиќ кои се лица и проекти се вклучени како и за роковите, средствата и упатствата за понатамошниот тек на оваа активност.

3. Сфаќајќи дека во Србија и српските училишта немаат посоодветно образовно и пропагандно спремен човек по македонското прашање од Новаковиќ, српската влада токму нему му го остава на реализација цел овој проект.