Српска преписка XV

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралствотго Србија во Цариград – на Чедо Мијатовиќ, Министер за надворешни работи во Белград


Господине Министер,

Во писмото од 26.април оваа год. ПNo 80 имав чест да Ви изложам некои мисли за тоа како училиштата во Стара Србија и Македонија поуредно се снабдуваат со книги. Во овој миг го обраќам Вашето внимание НА ПОТРЕБАТА ОД ЕДЕН ПОСЕБЕН МАКЕДОНСКИ БУКВАР за училиштата по Македонија кои би требало посебно да се подготват за ширењето на српската писменост и српскиот јазик по Македонија.

Само вистинските сметки се остваруваат, а во политиката се вистинити оние сметки во кои нема ни малку илузии. Од ова стојалиште, а по прашањето на ширењето српско влијание во Македонија, мораат како вистинска основа да се земат овие точки :

1. дека МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАЛЕКТ Е РАЗЛИЧЕН И ОД СРПСКИОТ И ОД БУГАРСКИОТ ЈАЗИК, но дека има еднаквости и со едниот и со другиот.

2. дека БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ДО СЕГА ГОЛЕМА ГРИЖА ПОЛАГАШЕ во тоа да разликата меѓу македонскиот дијалект и српскиот јазик на сите можни начини се обележи и исполни.

3. од СРПСКИ ИНТЕРЕС МОРА ДА СЕ ПОЈДЕ ПО ИСТИОТ ПАТ, или стрпливо, солидно и систематски со нови оригинални средства, поименично пак употребувајќи се што може да ја смали разликата меѓу српскиот јазик и македонскиот дијалект, спротивно од погоре наведените бугарски тежнеења.

Во тој правец ми се чини дека како најпотребно составување на еден особен БУКВАР НА МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ ЗА МАКЕДОНИЈА. ВО ТОЈ БУКВАР БИ ТРЕБАЛО СО МАКЕДОНСКИОТ ДА СЕ СПОИ И ИЗМЕНИ И СРПСКИ БУКВАР, НО ТАКА ДА МАКЕДОНСКИОТ Е СО ДВЕ ТРЕТИНИ, А ОД СРПСКИОТ ЕДНА ТРЕТИНА, И ТОА ВО ДРУГАТА ПОЛОВИНА.

Букварот би се напишал со српски правопис, со цело потребно внимание на вистинитата чистина и добра транскрипција НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАЛЕКТ. 

Предна страница од првиот Македонски Буквар (Цариград 1888г.)

Не би требало да се сметне од ум дека во него не би требало да се гледа толку на напредноста од педагошки правец колку на композиција исполнета со народни умотворби, прикладна ДА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОПУЛАРНОСТА ГО ИЗДИГНЕ НАД СЕКОЈ ДРУГ БУКВАР. 

За да му се осигури проаѓањето од секоја неприлика, тој Буквар треба да се печати или во Цариград или во Солун.

СРПСКИОТ ПРАВОПИС, КОЈ СРПСКИОТ ЈАЗИК ТАКА УСПЕШНО ГО УСВОИ И ОЧИСТИ ОД НЕКОГАШНАТА РУСКО-СЛОВЕНСКА МЕШАВИНА, БИ ИМ СЕ ПОКАЖАЛ ОМИЛЕН НА МАКЕДОНЦИТЕ НИВНИОТ ОМИЛЕН ДОМАШЕН ДИЈАЛЕКТ, би ги одвоил од тешкиот, неприроден и заплетен со историски правопис со кој се служат Бугарите, и како подобра работа, попроста и поскладна, би ја поколебал во народот најинтимната основа на бугарската пропаганда, бугарската писменост која Бугарите прилично ја рашириле, и на која со причина многу држат во Македонија. Таквиот Буквар, положувајќи ги основите на поскладна српска писменост во Македонија, би ја омилел српската книга и Србите како луѓе кои му се поблиски и кои се повешти да ги задоволат.

Држам дека без понатамошна дискусија и Вие самите, господине Министре, ќе ја увидете разложноста на овие претпоставки. Прашање е како да ова идеја ја оствареме? 

Од моја страна јас веќе им препорачав во пратеништвото на аташираните Македонци Н.Јевровиќ и К.Групчевиќ да за тоа мислат и да нешто се обидат. Но тоа не е доста, зашто не се знае дали ќе сакаат тие да успеат, бидејќи за таа работа треба специјална опрема. Држам дека таму во Белград нашите книжевни луѓе и педагози би требало да побараат некаков човек кој би ги знаел македонскиот дијалект и македонските народни умотворби за извршување на овој план.Мене ми се чини дека оваа задача токму зашто е едноставна, е одповеќе важна за успехот на ширењето наши мисли во Македонија, и да не е од штета, да од неколкуте нив огледа и да му се посвети особено внимание. И макар што е излишно да уште особено ја препорачувам оваа работа на Вашиот широк поглед и Вашите колеги во просветата, пак сум слободен да Ве замолам за особено внимание кон овој предмет.

Со најотлична почит Ваш
Ст. Новаковиќ с.р.
Пратеништво на Кралството Србија во Цариград
Дов. бр. 102
21. мај 1888 година
во Цариград

/ П.П./ ИМААТ ДВА МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТИ : БРСЈАЧКИ (ПОГОЛЕМИОТ) И МИЈАЧКИОТ (ПОМАЛИОТ, НА НАС ПОБЛИСКИОТ)
Деспот Баџовиќ има готов македонски Буквар во ракопис.

Љубо Ковачевиќ
Милојко Веселиновиќ
Јован Живановиќ во Карловци?

(Извори – Архив Србије, МИД ППО II, 225/1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III, [1888-1889] Белград 1987, стр.148-149)

Од писмото се наметнуваат следните факти :

1. Новаковиќ предлага нов Буквар кој заради потребата од поненаметливо инсталирање на српско влијание во Македонија, да е на македонски јазик (кај него “дијалект”?!)

2. Со она дека “МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАЛЕКТ Е РАЗЛИЧЕН И ОД СРПСКИОТ И ОД БУГАРСКИОТ ЈАЗИК, а има еднаквости и со едниот и со другиот”, Новаковиќ паѓа во замка. Тогаш не е “ДИЈАЛЕКТ“, но - ЈАЗИК (дијалект е форма на говор во рамки на јасно одреден јазик.)

3. Србите се демантираат уште повеќе и кога увидуваат не еден но ДВА МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТИ (?!). Двата дијалекти само ја допотврдуваат засебноста на македонскиот јазик кој како и секој јазик, еве си има наречја-дијалекти (брсјачки и мијачки).

4. Засебноста на македонскиот јазик, Новаковиќ несвесно ја потврдува кога дури и за српскиот јазик признава дека “УСПЕШНО се УСВОИ И ОЧИСТИ ОД НЕКОГАШНАТА РУСКО-СЛОВЕНСКА МЕШАВИНА” (и Бугарите исто).

5. Не е чудно што тогаш во македонскиот јазик и писмо има влијанија од овие соседни јазици. Иронијата да е поголема, тие самите се на “руско-словенска основа”, Русите пред нив имаат држава (како што Србите и Бугарите пред Македонците), со која најнепречено си ги развиваат јазикот и писмото, па им помагаат подоцна во истото и на своите креации – Србија и Бугарија.

6. Србите и Бугарите се копираат и надминуваат во применуваните средства за правото над Македонија. Дека таа е засебна етничка земја на македонскиот народ, се огледа и од овие писма. Новаковиќ бара “стрпливо, солидно и систематски со нови оригинални средства, поименично употребувајќи се што може да ја смали разликата меѓу српскиот јазик и македонскиот дијалект, спротивно од бугарски тежнеења.”

7. Новаковиќ кога бара “особен БУКВАР НА МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ ЗА МАКЕДОНИЈА”, особеноста е во тоа “ со МАКЕДОНСКИОТ ДА СЕ СПОИ И ИЗМЕНИ И СРПСКИ БУКВАР, НО ТАКА ДА МАКЕДОНСКИОТ Е СО 2/3, А ОД СРПСКИОТ 1/3, И ТОА ВО ДРУГАТА ПОЛОВИНА.”. Јасно е – “за полесно да ја голтне јадицата дај и на рибата тоа што највеќе го сака и што само површно го гледа!”

8. И уште поперфидно “ во него не би требало да се гледа толку на напредноста од педагошки правец колку на композиција исполнета со народни умотворби, прикладна ДА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОПУЛАРНОСТА ГО ИЗДИГНЕ НАД СЕКОЈ ДРУГ БУКВАР.”

9. Ако се додадат и: печатењето на Букварот да не е во Србија но во Турција (Цариград или Солун), одбирачите на умотворбите да се Македонци а аташираните Македонци да го популаризираат Букварот соодветено во Македонија, ќе се увиде целта на српската пропагандна пенетрација. Само качена на плеќите од изворниот македонизам таа би можела да се протне во Македонија.