Јане најголемиот герилец и стратег
Јане е човек од акција, затоа и обуката на кадрите за борба низ брзите акции на кои не можеле и големи Турски воени единици да им парираат.

Големиот герилец, ова го докажува  при  аферата Мис Стон, маневрирајќи им на турските воени формации, со постојани борби, сакатејќи и слабеејќи ги морално и борбено, повеќе од половина година (почет.септември 1901год. крај на  февруари 1902 год.). Уште повеќе што притисокот врз Турците за побрз крај на гонењето бил огромен како од Американската така и од Европската  јавност. А  заврши неуспешно по нив, особено и заради целосната медиумска полза која Санданаски, ја извлече од овој чин.

Немилосрдно ги понижуваше Турците, давајќи интервјуа за најпознатите светски медиуми, добивајќи ја  пропагандната војна. Доби средства (оружје), доби светско внимание за македонскиот народ но со акцијата  го сопре и Протестантизмот кој смислено се ширеше меѓу Македонците. Со ова го сопре разбивањето и на последното врзувачко ткиво кое ги држеше во едно компактно тело Македонците Православната вера. Но Сандански  го доби сето тоа, оти македонскиот народ со сета душа беше со него, а  успешна герила нема без подршка од народот. Јане  беше масовниот феномен, сиот македонски народ од Пиринско и пошироко  дишеше со него и за него и  тука никави сили, пропаганди и намери, немаа успех.

Токму Јане допринесе за брзото закрепнување на Организацијата и Македонскиот отпор после Илинден. Во дискусиите и решенијата на Општиот конгрес, одржан 1905 год., токму гледиштето и ставовите на Сандански се наметнаа како доминантни. На нив застанаа и ревулуционерите од првата постава, величините како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Гоцевите истомисленици. Токму овој конгрес го донесе најизразитиот нов против врховистички Устав. Тука се демаскира врховизмот и дефинитивно од организацијата како целост. Фактот што на овој Конгрес крајно се диференцираа вистинските револуционери  и дотогаш прикриените проврховисти, значеше  прочистување  македонско ослободително дело од она предавничкото и противничкото.

Во поглед на младотурската револуција  Јане дава активна подршка  во  настојувањата на младотурците за демократизација и модернизација на  империјата. Сандански го увидува новиот политички момент кој налагаше квалитетна преорентација на борбата на македонскиот народ. Борбата ја продолжуваше но во  консолидирање на самата Младотурска револуција како услов за постигање на поцелосни демократски идеали на македонската самостојност.

 Раководителите на Серската револуционерна област први се изјаснија за потребата од водење легална политичка борба. Продолжувањето на четничката активност би било чин на провоцирање за воведените уставни слободи и права,па нужно беше  расформирањето  на четите. Но за да не се помисли дека ова е откажување од суштината на национал-револуционерните цели на ВМРО, Сандански пред Младотурците ги постави  јасните програмски барања, кои ги прифати Младотускиот комитет. Од декларацијата  се гледа дека Македонците ја прифаќаат легалната политичка борба во духот на уставните реформи но без секакво откажување од познатите цели. Недвосмислено се декларира дека е променет само обликот на дејствувањето  но не и суштината. Дури Декларацијата ги предупредува Младотурските управи дека силите на Организацијата се готови во секој момент да го земат оружјето а за да не дојде до тоа неопходно е создавање услови на слободен развиток за сите нации во Империјата и нивно учество во полтичкото уредување.

Сандански беше голем реалист демократ и во сојузот со Мадотурците влезе во името на општата борба за уривање на  феудално-апсолутистичка клика.

Но врховистичката централа во Софија и Бугарите со агентурата во Македонија не мируваа. Сојузот на Сандански со Младотурците, ги рушеше сите соништа и фрлени средства на Бугарите за приграбување на Македонија. Сандански пак токму со тој чин и де факто докажа дека ниту бил ниту ќе биде инструмент на некаква бугарска идеја, како што пропагандно наметнуваат дури и денес. Напротив со овој чин Сандански докажа дека само за вистинското македонско дело и за доброто на својот македонски народ е спремен на се, па и на сојуз со довчерашниот поробувач Турците и никакви Бугарски желби и закани во тоа не можат да го вратат.

Бесни  Бугарите почнаа да вршат оружени провокации на Младотурскиот режим, како овој би возвратил по македонскот народ што пак  би го рушело угледот на Сандански меѓу народот или би го иницирало и тој  да возврати по Турците. Со ова би се вратиле работите на старо што на Бугарите највеќе им одговарало. Тие во ова се толку доследни што на крајот и ќе успеат но со нови сојузници Србите и Грците во Балканските војни  токму  кога Големите сили веќе одлучија за Македонска самостојност. Но тоа е подоцна.

Како што и многу подоцна (а трае и денес) Бугарските пропагандисти во немоќ како да се  оправда овој чекор на Јане, a за  фалшивите им потреби, анти-легендата Милетиќ и овде ќе изврши мистификација на тоа. Во предговорот на  Милетиќ се вели:Младотурскиот преврат, кога луѓето на организацијата понесени од една фатална оптимистичка настроеност прибрзано го напуштија оружјето и им се доверија на Младотурците, му дојде на Сандански како згоден повод безогледно и сосема да ги раскине врските со минатото и решително да тргне на своја глава, поддржувајќи добри односи со младотурскиот режим.

Се разбира дека со никакво свое минато Јане не раскрстувал зашто живата стварност ја потврди неговата револуционерна консеквентност. Токму ставот кој го зазеде Јане во тој момент беше единствениот реален. И токму Сандански во тој судбоносен момент за македонскиот народ се издигна како единствена водечка личност со симпатии од сите прогресивни сили во Империјата, беше неговиот апостол, новиот Гоце. Како најмаркантна револуционерна личност на македонските национални интереси, прерасна во култен ослободител и на др. поробени народности. Особено по објавувањето на  Манифестот упатен до сите  народности  во кој даде една луцидна оценка на најновите настани по Младотурската револуција и повик за идните  демократски принципи .

Плашејќи се пак од  неизживеаноста на некои конзервативни младотурски кругови, Сандански укажува на потребата од дефинитивна пресметка со остатоците на старото. И пак Јане се покажа како прониклив и зрел политичар, зашто отпорот на старото не задоцни. Султанската  камарила во 1909 год , се обиде да изврши контрареволуционерен преврат а во задушувањето на истиот  клучно беше учеството на македонските одреди под  команда на Санданаски. Тој ја докажа подготвеноста на вооружените сили кои иако  расформирани, за миг беа во  борбените редови, спремни како никогаш да не се ни расформирале. Се докажаа  низ битките по Цариград со што и Младотурците увидоа што добиваат со подршката на прекален револуционер од величината на Јане. Неговото име се разнесе на улиците Цариградски како бојно знаме на револуцијата која победи по втор пат. Тоа втеруваше страв во коските на апсолутистите кои добро знаеја кој е со Младотурците.  Но сега Јане нив ги гонеше и  и тоа во срцето на царштината Цариград,пред него султанот Абдул Хамид,  капитулира. И во оваа победа Сандански се докажа  како двигател на најреволуционерните потези во Хуриетот, тој го даде сигналот за реформи во нова Турција. Знаеше дека за остварување на сите социјално-економски, а камо ли национално-политички реформи, за целосно подобрување на положбата на македонскиот народ, треба да се има поширока платформа со јасна програма и цели, сега во легална форма.

И токму по иницијатива на Сандански беше формирана во 1909 год. Народната федеративна партија во која беа обединети  најпрогресивните сили на дотогашната ВМРО. И во основните поставки на програмата од партијата беа барањата за рамноправни автономни единици на идната Федерална држава, но и разрешување на аграрното прашање, потиснување на експлоататорските категории и за будно неутрализирање на ретроградните и конзрвативни сили кои го спречуваа демократскиот развој на нова Турција. Првиот принцип на Федеративноста како стожерен пункт а како платформа на партијата го вклучуваше во себе сувереното легитимирање на Македонија како посебна единица на идната Источна федерација. Во активна подршка на таа во тој момент единствено спасоносна проекција се најдоа и други видни револуционери Ѓорче Петров, Пере Тошев, Туше Делииванов, и др. воопшто зашто немаше некој што не ја  споделуваше водечката насоченост на Сандански. И сите знаеја дека токму Сандански е фактичкиот лидер на партијата и се најзначајно во овој чин се поврзуваше со неговото име. Но тој се откажа од секаква лидерска помпезност и се чувствуваше далеку подобро меѓу својот македонски народ низ Пиринско одколку во салонските кулоари на Солун или Стамбол. И токму ова е уште еден факт кој ги руши Бугарските пропагандни твредења дека тоа што Сандански го подржува Младотурскиот режим е од лична, своеглава диктаторска амбициозност што ќе рече шефовски феномен. Напротив дури и кога сомислениците инсистираа  тој да биде официјален представник на Партијата во Отоманскиот Парламент, Јане им даваше предност  ним. За него беше поважно што ќе се постигне а не кој ќе го постигне во општото добро за македонскиот народ. Им пружи можност за општествено истакнување на соработниците, но  имаше строг пристап кон оние кои за еден пратенички мандат го обезличуваа  делото во кое ги вложија животите, а понесени од искушението на кариеризмот.

И стана јасно дека Сандански е револуционерен лидер кој не бара за себе ништо и не паѓа на искушенија, а големината на демократот се проверува кога пред него ќе дојдат можностите кои носат лични привилегии, кариери и корист. Народната дај му на човек власт, за да му го видиш умот, кај Јане се потврди во својат најчиста и најхумана димензија. Него власта не го занесе, напротив, го потврди во сите негови дотогашни и идни ставови и активност. Со  тоа ги сомели Бугарските пропагандни кујни кои од бес пуштаа инсинуации кон неговата личност, личност која не бараше за себе ништо повеќе од народната љубов и успех на делото на кое му се посвети.

И во Федеративна партија, Сандански се потпираше на непосредниот контакт со народот. Токму  тоа, му ги даваше основните смерници за новата политичка борба. Тоа беше и најдобриот политички концепт, вистинските потреби и барања на македонскиот народ, пренесени преку неговите представници таму каде се одлучува за тоа. А Јане увиде дека  мнозинството  во тој момент го мачеше разрешувањето на аграрното прашање. И бидејќи младотурската влада се покажа лабилна токму на овој проблем, Јане се зафати на организирање на широките народни маси за најрешителни битки кон остварување на ветувањата.

И ако порано со силата на оружјето се одземаше земјата од беговите-феудалци, сега тоа беше низ силно организирано  движење на селанските маси. Покрај серијата протести и митинзи, селаните бараа од Владата да ги задоволи нивните интереси за праведна и целосна аграрна реформа. Силен беше ефектот на селанското движење предводено од Сандански. Дипломатските представници од Балканските соседки на Македонија се најдоа во невидена паника од евентуалното задоволување на селанските барања.

Грчкиот Конзул во Серез Антонио Санктурис, најдиректно предупредува во своите извештаи за непосредните последици од разрешувањето на аграрното прашање во врска Грчките претензии за Македонија. Зачудувачки се овие Извештаи по автентичнатааналитичност и луцидна предвидливост Санктурис пишува:

“Главно преку митинзите, како и со други дејствија, влијанието на Сандански е сериозно пораснато. МАКЕДОНЦИТЕ го сфатиле како нешто сосема реално големиот и пеколен план на аграрното прашање, чијшто успех ќе биде за нив вистинска победа, а за нас конечен пораз. МАКЕДОНЦИТЕ, имајќи го предвид и она што станува со другите држави, така ги дотерале работите, што му дале на аграрното прашање во Македонија национален карактер. И еднаш остварениот план на Сандански, како што на жалост покажуваат работите, последиците ќе бидат ужасни. Ако некој друг настан, било војна или согласност на Европските сили, не го реши македонското прашање во наша полза, според мене, нема никакво сомнение дека разрешувањето на аграрното прашање ќе го подготви кеајното разрешување на македонското прашање“.

Анализата на Санктурис е блескава потврда за вродената реалност на Сандански и неговиот пристап кон разрешувањето на македонското прашање.

Сандански увидел дека револуцијата е незамислива без разрешување на аграрното прашање како најважно за македонскиот народ. А земјата е неговата душа, тоа го знаел и Санктурис, затоа се ужаснува и од саматa помисла на правилно разрешување на аграрниот проблем .

Сандански и овојпат се докажа како мајстор на вакви акции со невиден сенс во продолжувањето на успесите од револуцијата. Се докажа и како поголем визионер од Малдотурците кои не успееја да го остварат стремежот на сопствените народни маси а камо ли и да ги издржат притисоците од Големите сили а постојано им пречеа и Балканските влади.

И Сандански ги има истите сили на врат од Балканските државички кои френетично работеа на спречување слобода и независност на македонскиот народ.

 Најголемите диверзии и овојпат , доаѓаа од Бугарите, нивната агентурата го саботираше младотурскиот преврат уште во неговиот зародиш. Предводникот врховистот – Христо Матов е на чело од овој контрареволуционерен заговор.

Најпрвин се спротивставува за легализирањето на четите, а кога во тоа не успева создава Конституциони клубови како бескруполозна опозиција на Федеративната партија (на Јане) и Младотурците.

Кога и тоа не им успеа на Бугарите оти македонскиот народ е со Сандански, пак се вратија на она што најдобро го работеа, тероризмот

Насилен провокативен тероризам од бандите на Тодор Александров, особено врз мирното Турско население со цел да се предизвика жестока реакција на Младотурците врз македонскиот народ.

Се смета и на реакцијата од Турскиот верски фанатизам. Перфидноста на Бугарските сништа води до нови масакри меѓу муслиманското и христијанското население.

Стравот од се поизвесната држава на македонскиот народ особено од блискоста со Младотурците и до конечното разрешување на македонското национално прашање, Кобршка Бугарија ја доведуваше до очај. Таа дури се подготвуваше за напад на Турција, само да не се оствари оваа блиска цел на македонскиот народ. Истиот страв кон такви активности го натера и Белград и Атина. И токму тоа го создаде познатиот Балкански сојуз, чист заговорнички план за идна поделба на Македонија. Токму сега се разјасни она на што Сандански предупредуваше уште во првите денови од Младотурската победа. И не случајно беше и тоа што од Големобугарските слуги беа извршени два неуспешни обиди за атентат врз Сандански. Тој беше делеку поопасен за Бугарите тогаш од Младотурците. Ова го потврдува и пронајденат телеграма во Бугарскиот дворец упатена до Фердинанд од личниот му секретар веднаш по атентатот врз Сандански. Телеграма гласи: “Во оваа минута дознав, но невозможно ми е да проверам, дека денес Сандански е тешко ранет во Солун од војводата Тане Николов од Внатрешната Организација. Најпосле! Покорен Чапрашиков“

Но зошто Сандански и дел од македонскиот народ зеде учество во овие Балкански војни? Особено после сите овие перипетии од страна на Балканските грабливки. Логиката на потпирањето на сопствените сили не беше одсутна и во оваа ситуација. Македонскиот народ осбено сега требаше да докаже дека не може да биде индеферентен кон својат сопствена судбина. Едноставно немаше друг избор, уште полошо ќе беше други кои веќе ја решиле работата, да им се остави целосната наводна ослободителна војна од Турците а со тоа и комоцијата утре уште полежерно да ја решаваат судбината на Македонија и македонскиот народ. Тој требаше да покаже особено пред Европа, дека самиот се бори за своето ослободување, а не други утре во името на пасивизацијата, да бараат оправдание за полесна поделба. Затоа и при секоја битка а особено победите македонските војводи, а особено Сандански не испуштале да го нагласат исходот кој го очекуваат од таа своја ангажираност во најжестоките судори.

Василиј Водовозов за овој пресуден момент за Македонија и Сандански ќе забележи: “Во 1912 год. стана она од кое тој најмногу се плашеше: “милите пријатели“, Бугарите, Србите и Грците, склучија договор за делба на Македонија и се зафатија неа да ја “ослободуваат“.  Што можеше да стори тој? Сандански и сега како и порано, беше убеден дека само целосна и автономна Македонија може непречено да се развива, но мораше да согледа оти остварувањето на овој план се покажа како невозможно. Му преостануваше од неколкуте зла да го избере најмалото... И Сандански формира посебни чети под своја команда, со кои се бореше против Турците, а на страната на Бугарија, но не откажувајќи се од принципот “Македонија на Македонците“ и не губејќи ја надежта дека во иднината ќе му даде можности и да го оствари овој принцип. Се бореше на страната на Бугарија, но останувајќи и натаму во неа човек лишен од права, кого што секој момент може да го врзат и да го исправат на бесилка. Во летото 1913 год. пак го сретнав во Софија“. Сандански се вклучи пак заради интересите на македонскиот народ како што се вклучи предходно и во Малдотурската револуција. При ова тој внимателно постапуваше со страната со него но јасно ставајќи го и интересот на македонскиот народ. Сандански тоа на еден банкет приреден од бугарскиот генерал Тодоров, кој пак го поканил заради успесите и особената заслуга на македонските одреди под команда на Сандански, здравицата ја нагласува со:” Да пиеме за утрешната слободна и автономна Македонија за која се борат и даваат скапи жертви сојузените Балкански народи“.

Се разбира, дека грабливките го изиграа македонскиот народ, ними никогаш такво нешто не им било во план, нивниот план беше грабење нови територии. Сандански се врати во својот Пирин, каде ја гледаше разочараноста од новата поделба и лажните надежи. Сандански овојпат се исполни со жесток презир и желба за освета. Бескрајната омраза го посочи во главниот кривец и негово ликвидирање Фердинанд, првиот Бугарин, кој требаше да плати со глава. И не како акт на лична освета, зашто личниот режим на Фердинанд ја гушеше и Бугарската демократија, но беше чин на удар врз Бугарската држава како таква, како олицетворение за подлоста кон македонскиот народ и новите и невидени голготи на кои беше подложен. За полесно остварување на намерата му одеа од рака и настаните. Истоштената и осиромашена Бугарија од Балканските војни, Фердинанд забрзано ја гураше во нови, сега во 1 Светска војна, која наголемо беснееше. Премногу незадоволници меѓу самите Бугари имаше, кои се ќе напарвеа и самите само да престане лудилото. Сандански вешто се уфрла во преговори со некои опозициони незадоволни, а според него решителни лидери, но после отворената понуда за ликвидација нерешителни. Единствено Алексанадар Стамболиски ја подржува идејата но интересно и егзархот кој дури ја благословува раката која ке го направи атентатот. Но Кобургот, знае од кај може да очекува вистинска опасност. Свесен е кој може да направи таков удар, на првите наговестувања за можен атентат врз него, тој е свесен кој е доволно решен, цврст, прониклив и обучен за такво нешто. За секој случај Стамболиски го фрла во затвор, а го престигнува Сандански во намерата му, па тој извршува атентат врз него на 22 април 1915 год. На Пирин, загасна животот на најголемиот македоснки син по Гоце, Јане Сандански кому ниту 11 куршуми не можеа да му го одзема веднаш, но постепено.


Убиството на Јане Сандански

На првата годишнина од убиството на Сандански, видниот Руски писател и публицист Василиј В. Водорозов, којшто неколку пати се среќавал со Сандански, на првата годишнина од убиството на Сандански, во кусата биографија за него пишува:

“Јас повеќе пати сум се среќавал со Сандански во различни моменти од неговиот живот. Малкумина луѓе на Балканскиот Полуостров ми имаат оставено таков силен, таков целосен и таков длабок впечаток каков што ми има оставено, имено, овој поборник на македонската независност.Од него зрачеше најпотполна храброст, самоконтрола и огромна, непоколеблива енергија: се чувствуваше дека со својот тивок, длабок глас, тој умее да дава наредби, коишто во критичните моменти никој не се решаваше да не ги исполни. Неговото огромно честољубие беше сосвршено видливо...
Макаршто му недостасуваше што-годе сериозно образование, тој беше човек со голем ум, со превосходно познавање на Македонија и македонскиот народ, и со истенчено чувство да се ориентира во политичките прашања на секој даден момент. Сред македонското селанство Санадански уживаше огромна популарност“.


Сандански беше најжолчниот Бугарски противник. Бугарскиот печат го черечеше. Така неговите македонски чети беа напаѓани за пролевање бугарска крв, при неговите енергични удари по бугарските чети. Така овој печат бележи особено жестоки реакции против Сандански при судирот на Сандански со своите чети од Серскиот округ, против здружените Врховистички чети на чело со поручникот Софрониј Стојанов кај селото Кашина. Таму Сандански ликвидира не малку Бугари.

Христо Силјанов еден од најмаркантните Големобугарски историографи го дава цитатот во кој Сандански во 1907 год. вели: “Македонскот прашање е неразрешливо ако се постави како бугарско прашање и затоа треба да се развива свеста на Македонците дека се тие самостоен народ“.

Извори – “Македонија во времето на Балканските и првата светска војна (1912 – 1918), Институт за национана историја, Скопје, 1969 год., др. Петар Стојанов“; “Димитар Митрев, чин и дело”, “Мисла”, Скопје 1981 год., Б.Павловски, М. Друговац; “Јане Сандански“, “Мисирков” , Битола 1988 год., Манол Пандевски;